Григор Прличев за учителствувањето на Димитрија Миладинов во Охрид



1848 година

Како за утеха на поминатите наши несреќи, Митре Миладинов дојде да учителствува во Охрид. Он се смести во дедова ми куќа заедно со својата млада невеста. Меѓу десетте учители што се изменија през моето ученикување во Охрид, ниеден не им беше толку полезен на учениците колку Миладинов. Он во секоја постапка имаше нешто привлечно. Речта му течеше од устата како мед. Свештен оган му гореше во очите. Он знаеше дека треба да не’ учи на грчки, инаку не можеше ни да се мисли.
Но тој еве како не’ учеше: донесе мода = jere neron итн. До негово време не знаевме речиси ништо од аритметика. По негов совет ние, постарите ученици, ги земавме огромните три тома од лексиконот на А.Гази, се собиравме дома и го преведувавме Плутарха на новогрчки. Боже мој! Колку широка беше тогаш нашата памет!
Миладинов не’ запозна и со италијанскиот јазик. За шест месеци го преведовме целиот прв том на Теламаха.Испитите станаа какви што не беа станувале. Насекаде се разнесе глас за цутењето на охридското училиште. Од многу градови и паланки на Македонија и од најзападниот дел на Албанија се стекоа ученици во Охрид да се учат при Миладинова...

* Ова е одломка од „Автобиографијата“ каде што Григор Прличев говори за учителствувањето на Димитрија Миладинов во Охрид во 1848 година.

No comments:

Post a Comment