Александар Четврти
Александар Четврти Македонски (323 – 309 година п.н.е.) бил син на Александар Трети Македонски и Роксана, принцеза од Бактрија и Василевна на Македонија, со сите почести за една македонска владетелка од тоа време.
Бидејќи Роксана била бремена кога Александар Македонски умрел, а полот на детето не се знаел, се јавиле неслоги кај македонската војска во врска со редот на наследување. Додека пешадијата го поддржувала вујкото на детето, Филип Трети (кој бил епилептичар), хилиархот Пердика, командант на елитните коњички придружници - чета херои, успеал да ги убеди да сочекаат, надевајќи се дека детето ќе се роди машко.
Вака двата табора се согласиле, Пердика да владее како регент додека Филип би владеел, но само како фигура, без вистинска моќ. Ако детето се родило машко, тогаш тоа ќе стане владетел.
Александар Четврти се родил во август 323-та година п.н.е.
По строгото регентство, воената пропаст во Египет и бунт во војската, Пердика бил убиен од неговите воени старешини во јуни 320-та година п.н.е., по што Антипатар станал новиот регент со Трипарадиската поделба. Со себе ја донел Роксана и двата претенденти на престолот на Македонија и се откажал од претензиите кон владеење на Александровата Македонска Империја, оставајќи ги некогашните провинции Египет и Азија во власта на сатрапи. Кога Антипатар умрел во 319-та година п.н.е. му ја доделил власта на Полиперхон, генерал кој им служел на Филип Втори и Александар Македонски, и нивниот наследник, прескокнувајќи го синот Касандар.
Од 317-та година п.н.е., владетел на Mакедонија е Александар Четврти Македонски, но вистинската власт била во рацете на Олимпија, која била негов регент.
Следната година Касандар повторно ја освојува Македонија. Олимпија веднаш била погубена, додека владетелот Александар Четврти и неговата мајка биле ставени во затвор во тврдината Амфипол, под надзор на Главкиј.
Кога општиот мир помеѓу Антигон, Птоломеј Први Сотир - заштитникот и Лизимах ставил крај на Третата Дијадохска војна во 311-та година п.н.е., мировниот договор ги признал правата на Александар Четврти Македонски и било јасно иcкажано дека тој ќе го наследи Касандар, кога ќе стане полнолетен.
По мировниот договор, бранителите на Аргеадите почнале да изјавуваат дека Александар Четврти Македонски треба сега да има полна моќ и дека повеќе нема потреба од регент. Одговорот на Касандар бил дефинитивен: за да си ја обезбеди власта, во 309-та година п.н.е. му наредил на Главкиј да изврши таен атентат врз 13 - годишниот Александар Четврти Македонски и неговата мајка. Така и двајцата биле отруени.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment