Александар ВТОРИ


Александар ВТОРИ ( ΑΛΕΞΑΝΔΡOY ВTOPI - древно македонско венетско писмо ) Македонски бил владетел на Македонија од 370 до 368 п.н.е, по смртта на неговиот татко Аминта Трети. Тој бил најстар од неговите три сина. Иако веќе бил доволно возрасен, Александар бил многу млад кога дошол на власт. Ова било многу проблематично за него бидејќи неговите непријатели продолжиле да војуваат со Македонија. Александар едновремено бил соочен со илирска инвазија од северозапад и напад од истокот од страна на претендентот Павзаниј. Павзаниј набргу зазел неколку града и се заканил на кралицата-мајка, која била во палатата во Пела со нејзините млади синови.
Александар ги победил непријателите со помошта на атинскиот генерал Ификрат, кој пловел по македонскиот брег за да го освои Амфиполис. На барање на Алевдај, Александар интервенирал во граѓанската војна во Тесалија. Потоа успешно зазел контрола врз Лариса и неколку други градови но, изневерувајќи го ветувањето кое го дал, ставил гарнизони. Ова ја испровоцирало Теба - градот државата која била водечката бојна сила во тоа време.
Тебанскиот генерал Пелопид ги истерал македонците од Тесалија. Потоа го неутрализирал Александар со тоа што ги заштитувал амбициите на Александровиот зет Птоломеј од Алорос, и го натерал Александар да го напушти неговиот сојуз со Атина и да се сојузи со Теба. Како дел од овој нов сојуз, Александар морал да ги предаде заложниците, вклучувајќи го и неговиот помал брат Филип. За време на еден фестивал врз Александар бил извршен атентат по наредба на Птоломеј. Иако братот на Александар, Пердика Трети, станал владетел, тој бил под старосната граница, и Птоломеј бил поставен за регент.

No comments:

Post a Comment