Крушевски Манифест
2-3 август 1903 г.
Слобода или смрт
Штаб на крушоските востаници
Илинден 1903 г.
Прокламација до турскиот народ во Крушоскота Револуциона Околија
Браќа земљаци и мили комшии!
Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и от неговите китни села без разлика на вера, народност, пол и убежденија,
неможејќи веќе да трпиме иранијата на жедните за крф и гладните за чоечко момуртати шчо гледаат и нас и вас, да дотераат до нош, и нас и вас да
дотераат до питачки стап и нашата мисла и богата земја Македонија да заприлаегат на пуста пустина, денеска дигнафме глава решивме со пушка да се
браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода. Вие мошне арно знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си кладофме главата в торба, за да заживјаме чоечки или пак да умриме јуначки! Бидејќи от дело - предело си живејме како браќа на оваја земја, ние ве имамекако сфои и сакаме до крај да останеме сфои. Ние не дигнафме пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнавме пушка протиф мирниот, трудољубивиот и чесниот турски нарот шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брати и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофме да колиме и да грабиме, да палиме и крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излеговме да порисјанчуаме и да бесчестиме вашите мајки и сестри, жени и ќерки: требит да знајте оти вашиот имот, вашиот живот, вашат вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет, скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имотот, животот, верата и честа, ние сбжне зеле пушка. Ние не сне муртати на сфојата земја шчо не родила, ние не сне арамии и јанкесеџии, а ревољуционери пот клетва да умриме за правото и за слободата; ние се бунтуваме протиф тиранијата и протиф ропството; ние се бориме и ќе се бориме протиф муртатите, протиф арамиите, протиф зулумќарите и јанкесеџиите, протиф насилниците на нашата чес и нашата вера и протиф тие шчо смучат нашата пот, и експлоатираат нашиот труд. От нас, и от нашите села да не се плашите - никому зијан не ќе сториме. Ние не само ве имаме како сфои браќа туку и ве жалиме како сфои браќа, бидејќи разбираме, оти и вие сте робје како нас, робје на царот, и на царскиот бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и зулумќарите, шчо ја запалија царшчината от четирите страни и шчо не натераа нас да дигнеме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас, да дојдите заедно да водиме борба! Елате, браќа мусљумани, при нас да тргниме протиф вашите и наши душмани! Елате пот бајракот на „Афтономна Македонија“! Македонија е заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи! Елате при нас браќа, да си слејме душите и срцата и се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуваат!... Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути и мусљумамани, разбираме, вие се си мислите оти царството јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскиот бајрак нема крст, а имат ѕвезда и месечина. Отине јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намус да дојдите при нас и да се објавите протиф царската тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќе се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќа умриме пот бајракот за нашата и ваша слобода и за нашето и ваше птаво. „Слобода или смрт“ јет писано на нашите чела и на нашиот крваф бајрак. Ние веќе го дигнафме тој бајрак и намаат враќање. Ако и вие не имате како ваши браќа и ни сакате добро, ако есапите пак да живејте со нас, како што сте живејале да сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, мошите да ни поможите само со еднонешчо - а тоа јет голема помош: да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!
Нека Господ Бог да блослојт светата борба за правото и слободата!
Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!
Ура! За „Афтономна Македонија“!
Н.К Мајски, Илинден, стр. 36 -38.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment