Македонски Владетели од античкиот период

Политичката огранизација на Македонската држава наликувала на пирамида со три нивоа. На врвот биле владетелот (василеос) и народот, при основата биле државните служби, а по средината биле покраините, над чие заедништво председавал владетелот. Владетелот претставувал глава на централната администрација. Тој ја водел државата од престолнината (прво Егеја, а потоа Пела) и државната ризница се наоѓала во неговиот дворец. Владетелот бил потпомоган од страна на Владетелскиот Секретар, чија функција била од голема важност, како и од страна на Советот. Владетелот бил врховен водач на војската, глава на македонската религија, управувал со дипломатијата (само тој можел да склучува меѓународни договори) и единствено владетелот го имал правото на издавање на пари. Бројот на државните службеници бил ограничен. Владетелот управувал на индиректен начин, главно преку локалните управители, епистатите со кои одржувал редовни контакти.
Наследувањето на тронот во Македонија завземало облик на најстари машки наследници. Исто така постоел и изборен елемент, кога Владетелот умирал, назначениот престолонаследник, генерално, но не секогаш неговиот насјтар син, морал најпрвин да биде прифатен од страна на Советот и потоа представен пред генералното Собрание за да биде прогласен за Владетел и да се заколне на верност. Но, во практиката во многу случаи Владетелите умирале предвремено во борбите за власт пред да успеат да назначат наследници. Ова е случај со Пердика Трети, кој бил убиен од илирите, Филип Втори Македонски, кој бил убиен од атентаторот Павзаниј, Александар Македонски кој ненадејно умрел од болест итн. Ваквите кризи за наследноста биле чести до 4 век п.н.е., кога магнатите од Горна Македонија сеуште култивирале амбиции за елиминација на Аргеадите и превземање на тронот.

Владетелот бил заштитник и администратор на македонската ризница и владетелскитe приходи кои му припаѓале на македонскиот народ. Даноците од освоените народи исто така оделе за македонскиот народ, а не за владетелот. Дури ако владетелот не бил одговорен за дадени финансии, тој се чувствувал морално одговорен да интервенира. На пример, Аријан кажува дека при бунтот на војската на Александар кај Опис во 324 п.н.е., Александар морал да ги прикаже сметките од неговото наследство при смртта на неговиот татко за да покаже дека нема направено никаква финансиска злоупотреба. Според Ливиј и Полибиј, државата се снабдувала со финансии од повеќе извори. Рудниците за злато и сребро како Пангај, на пример, биле во сопственост на Владетелот и од нивната руда се правеле парите. Правата за ковање на поситни пари од бронза и слично, потоа се предавале на регионалните власти. Шумите, чие дрво било високо ценето од страна на атињаните за бродоградба. Атина склучувала трговски договори со Македонија во 5 век п.н.е. за увоз на дрво за бродоградба. Владетелските поседи, кои биле земја здобиена по пат на освојување и била исползувана директно или со помош на работната сила на воeни затвореници, како и индиректно преку даночен систем. Извор на финансии била и царината на пристаништата која се однесувала на трговијата (давачки за увоз и извоз).

Најчестиот извор на приход било давањето под наем. Аминта Трети, или можеби Филип Втори, ги удвоил приходите на пристаништата со помош на Калистрат, кој избегал во Македонија и донел 20 до 40 теленти за една година. За да се постигне ова правата на собирање на пристанишни давачки биле доделувани на оној што ќе наддадел највеќе на лицитација. Ливиј кажува дека рудниците и шумите исто така се давале под наем. Исклучувајќи ги поседите на Владетелот, земјата во Македонија била бесплатна. Сите македонци биле слободни граѓани и никој не плаќал давачки никому за користење на туѓа земја. Дури и даноците во кризни ситуации кои биле нормални насекаде не постоеле во Македонија. На пример, економските кризи на Александар Македонски во 334 п.н.е. и Персеј во 168 п.н.е. не резултирале со воведување на данок, туку кризите се решавале по пат на заеми или покачување на наемнини. Владетелот исто така повремено ослободувал некои луѓе од било какви давачки како, на пример, во случајот на семејствата на загинатите борци во битката кај Граник во Мај 334 год. п.н.е. кои биле ослободени од плаќање наемнина за користење на имотот на владетелот, како и други стопански давачки.

Според погоре изнесеното, може да заклучиме дека Македонците во античкиот период (пред Христа), живееле во општествено уредување со висок степен на демократија. Уште повеќе, кога би направиле една паралела помеѓу тогашното и денешново модерно „демократско“ општествено уредување, земајќи ги во предвид сите можни и неможни „законски“ давачки, даноци (и било како да се наречат истите) кои што граѓаните треба да и ги плаќаат на својата држава, најскромно (за жал) би можеле да констатираме дека општеството во кое што ние денес живееме нема ни „Д“ од поимот демократија.

Македонски владетели (трета генерација п.н.е.)


>> Владетели од Династијата Аргеади 


  • Каран 808-778 п.н.е.
  • Кeн 
  • Тирима 
  • Пердика Први 700-678 п.н.е.
  • Аргoј Први 678-640 п.н.е.
  • Филип Први 640-602 п.н.е.
  • Аероп Први 602-576 п.н.е.
  • Алкет Први 576-547 п.н.е.
  • Аминта Први 547-498 п.н.е.
  • Александар Први 498-454 п.н.е.
  • Алкет Втори 454-448 п.н.е.
  • Пердика Втори 448-413 п.н.е.
  • Архелaј 413-399 п.н.е.
  • Кратер 399 п.н.е.
  • Орест 399-396 п.н.е.
  • Архелај Втори 3 96-393 п.н.е.
  • Аминта Втори 393 п.н.е.
  • Павзаниј 393 п.н.е.
  • Аминта Трети 393 п.н.е.
  • Аргaј Втори 393-392 п.н.е.
  • Аминта Трети (повторно назначен) 392-370 п.н.е.
  • Александар Втори 370-368 п.н.е.
  • Птоломеј Први 368-365 п.н.е.
  • Пердика Трети 365-359 п.н.е.
  • Аминта Четврти 359-356 п.н.е.
  • Филип Втори Македонски 359-336 п.н.е.
  • Александар Трети Македонски 336-323 п.н.е.
  • Антипатар, Регент на Македонија 334-319 п.н.е.
  • Филип Трети Аридеј 323-317 п.н.е.
  • Александар Четврти 323-310 п.н.е.
  • Пердика, Регент на Македонија 323-321 п.н.е.
  • Антипатар, Регент на Македонија 321-319 п.н.е.
  • Полиперхон, Регент на Македонија 319-317 п.н.е.
  • Касандар, Регент на Македонија 317-306 п.н.е.

 >> Владетели од Династија Антипатриди 


  • Касандар 306-297 п.н.е.
  • Филип Четврти 297-296 п.н.е.
  • Александар Петти 296-294 п.н.е.
  • Антипатар Втори 296-294 п.н.е.

>> Владетели од Династија Антигониди 


  • Деметриј Први Опсадникот - Полиоркет 294-288 п.н.е.
  • Лизимах (делел со Пир Епирски) 288-281 п.н.е.
  • Пир Епирски (делел со Лизимах) 288-285 п.н.е.
  • Птоломеј Втори Гром - Керавн 281-279 п.н.е.
  • Мелегар 279 п.н.е.
  • Антипатар Втори 279 п.н.е.
  • Состен (Командант на војската) 279-277 п.н.е.
  • Антигон Втори Гонат- Железна Глава 277-274 п.н.е.
  • Пир Епирски (повторно назначен) 274-272 п.н.е.
  • Антигон Втори Гонат - Железна Глава (повторно назначен) 272-239 п.н.е.
  • Деметриј Втори 239-229 п.н.е.
  • Антигон Трети Досон 229-221 п.н.е.
  • Филип Петти 221-179 п.н.е.
  • Персеј 179-168 п.н.е.

 (Во 150 п.н.е. човек по име Андриск тврдел дека е син на Персеј и го барал тронот на Македонија како Филип Шести. Ова била причината за Четвртата македонско-римска војна во која Андриск бил поразен од страна на римјаните.)

No comments:

Post a Comment