Францускиот славист Андре Вајан за македонскиот јазик 1938 година
... Поимот на „словенскиот македонски“ е нејасен само за оној што тоа го сака. Словенскиот македонски претставува реалност во таква мера што во век суштествувал еден македонски литературен јазик, јазик на сосема мала учена литература, но на обилна народна литература; и не се работи за документите на фолклорот какви што можат да се соберат сегде: лирската македонска песна, многу ценета во Србија и во Бугарија, претставува еден автентичен литературен жанр, со реална вредност. Овој литературен јазик, базиран врз говори што принудно се разликуваат малку меѓу себе, немаше време да се унифицира. Меѓутоа негови центри беа Скопје, Тетово, Охрид, Битола (Манастир), Воден, итн.
A.Vaillant, Le probleme du slave macedonien-Bulletin
de la societe de linguistique de Paris,
t.39, 2 (Numero 116), Paris 1938, p.195
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
Овдека дечиња, овдека внучиња мои. Ридјето кај што се гравали, дабјето кај што се рои, Могилка малечка овдека нека ми стои. Могилка молк...
No comments:
Post a Comment