Финансии во Античка Македонија



На оваа тема веќе еднаш е пишувано на блогов во некој од постарите написи, но сметав за потребно уште еден ваков напис на конкретна тема финансии, во кој што има и извесни надополнувања на претходно дискутираното. Во понатамошниот текст опишано е во кратки црти финансиското уредување на македонската држава во античкиот период. Откако ќе го прочитате истиот, пробајте да си направите една споредба со денешниот финансиски систем во нашата држава ... Искрено, мене повеќе ме бендисува античкиот систем (!).

Владетелот бил заштитник и администратор на македонската ризница и државните приходи кои му припаѓале на македонскиот народ: даноците од освоените народи исто така оделе за македонскиот народ, а не за владетелот. Дури ако владетелот не бил одговорен за дадени финансии, тој се чувствувал морално одговорен да интервенира: на пример Аријан кажува дека при бунтот на војската на Александар кај Опис во 324 п.н.е., Александар морал да ги прикаже сметките од неговото наследство при смртта на неговиот татко за да покаже дека нема направено никаква финансиска злоупотреба.

Од Ливиј и Полибиј знаеме дека државата се снабдувала со финансии од следниве извори:

>> Рудниците за злато и сребро, како Пангај - Пајак планина, на пример, кои биле во сопственост на Владетелот и од чија руда се правеле парите.
>> Правата за ковање на поситни пари од бронза и сл. потоа се предавале на регионалните власти.
>> Шумите,чие дрво било високо ценето од страна на атињаните за бродоградба: Атина склучувала трговски договори со Македонија во 5 век п.н.е. за увоз на дрво за бродоградба.
>> Владетелските поседи кои биле земја здобиена по пат на освојување и била исползувана директно или со помош на работната сила на воeни затвореници, како и индиректно преку даночен систем.
>> Царината на пристаништата која се однесувала на трговијата, давачки за увоз и извоз, исто така биле финансиски извори на македонската држава.
>> Најчестиот извор на приход било давањето под наем: Аминта Трети, или можеби Филип Втори, ги удвоил пригодите на пристаништата со помош на Калистрат, кој избегал во Македонија и донел 20 до 40 теленти за една година. За да се постигне ова правата на собирањето на пристанишни давачки биле доделувани на оној што ќе наддадел највеќе на лицитација. Ливиј кажува дека рудниците и шумите исто така се давале под наем.

Со исклучок на поседите на Владетелот, земјата во Македонија била бесплатна: сите македонци биле слободни граѓани и никој не плаќал давачки никому за користење на туѓа земја. Дури и даноците во кризни ситуации кои биле нормални насекаде не постоеле во Македонија. На пример економските кризи на Александар Македонски во 334 п.н.е. и Персеј во 168 п.н.е. не резултирале со воведување на данок, туку кризите се решавале по пат на заеми или покачување на наемнини.
Владетелот исто така повремено ослободувал некои луѓе од било какви давачки како на пример во случајот на семејствата на загинатите борци во битката кај Граник во Мај 334 година п.н.е. кои биле ослободени од плаќање наемнина за користење на имотот на владетелот, како и други стопански давачки.

No comments:

Post a Comment