Собранието на античка Македонија


Македонското собрание


За Македонското собрание од античкиот период претходно сме дискутирале. Покрај останатите, функција на Македонското собрание била и судската власт за престапи што се казнуваат со смртна казна, при што најблиските на осудениот имале иста судбина. Притоа владетелот имал улога на јавен обвинител и го водел судењето, ама обвинетиот сам се бранел. Казната најчесто се состоела во каменување. Mакедонското собрание не ја ограничувало власта на владетелот.


Водење на надворешната политика


Еден од малубројните податоци е случајот со Еурипид: македонското собрание едногласно го одбило барањето на Атињаните да им биде дадено телото на Еурипид кој престојувал во Македонија (408 - 406 год. п.н.е.), умрел и бил закопан во Аретхоуса, а другиот е отфрлањето на плановите по смртта на Александар. Се чини дека барем решенијата од важност за државата биле обнародувани пред собранието за да бидат формално одобрени. Владетелот или пак негов претставник го свикувал собранието. Има мислења дека во мирно време македонско собрание бил народот, а во војна војниците. Меѓутоа се знае дека при прогласувањето на владетелот, Македонците удирале со копјата по штитовите, а смртната казна освен со каменување ја извршувале и со копјата, што покажува дека членови биле само оние што имале право да носат оружје односно што имале граѓанско право, па затоа во изворите се нарекуваат граѓани војници.

Освен македонското собрание се споменуват и други органи како што е ''Советот на тагоси'' познат од изворите (Хесѕцхиос, тагонага: посведочен е и на еден натпис од Леукадиа (Голишани), тагоси се познати само во Тесалија и тоа како сојузни магистрати). Тоа укажува дека станува збор за македонско влијание во Тесалија, што била под македонски протекторат уште од времето на Архелај (413-399 год. п.н.е.), а од 352-та год. п.н.е. под власта на Филип, од што произлегува дека овој совет во Македонија бил државен, а не локален. Советници на владетелот најрано се спомнуваат во легендата за потеклото на династијата Аргеади при што Херодот го користи неутралниот термин паредрос - придружник. Некои мислат дека станува збор за совет на старци, што го поткрепуваат со натписот со текст на договорот меѓу Атина и Пердика Втори, каде покрај името на владетелот и на членовите од најтесното семејство се спомнуваат и некои магистрати, според дополнувањето на Едсон - геронти, а не архонти.

Советот пак на пелиганите посведочен на натпис во македонската колонија Лаодикеја во Сирија (175та год. п.н.е.), а во Селеукија на реката Тигар спомнат од Полибиј и двете основани по походот на Александар Македонски на Истокот, покажува дека овој по се изгледа градски совет, во Македонија го имало и во времето на Аргеадите.
Прогласувањето на кралот од Собранието значело дека Македонците своеволно ја прифаќаат владетелската власт, но дека ги задржуваат своите права: обраќање до владетелот, право на апелација, право да решаваат за одредени работи.
Тоа значи дека Македонците му ја давале власта на владетелот, но можеле да му ја одземат, и го слушале само ако можел да ги убеди во тоа што сакал да го направи. Меѓутоа не е забележано колнење на верност и почитување на законите меѓу владетелот и народот како во Епир (Плут, Пѕррх, 5). Македонците, во изворите никогаш не се нарекуваат поданици. Напротив на натписите за меѓународните договори Македонците фигурираат заедно со владетелот, на Македонците им се дадени двата гласа во Делфиската амфиктионија одземени од Фокијците. Повеќе племиња Филип натерал на послушност и на плаќање данок на Македонците, Александар им одредил управник на жителите на Аспенд како и данок што требало да им го плаќаат на Македонците. Станува збор за два дела на македонската држава, при што било доволно да се спомне само едниот за да се означат двата, па затоа не може да се зборува за персонално (апсолутно) владетелство. Званичната титула на владетелот се состоела од неговото име, патронимик и етниконот, или пак скратена - името со патронимик или името со етниконот, додека на монетите било доволно само името на владетелот.

Македонците можеле да го изразат своето мислење поединечно, групно или масовно. Така на пример, кога Филип и рекол на една стара жена дека нема време да ја сослуша, таа му одговорила:

,,Тогаш немој да владееш!''

Кога војниците му барале да им плати, Филип се извадил со шега и скокнал да плива во базенот.
Најголемата пак забелешка на Македонците кон Деметриј Полиоркет била таа што не го почитувал нивното право на обраќање до владетелот и не ги читал нивните жалби (примените молби ги фрлил од мостот на Аксиј, Плут, Демет, 42), што се објаснува со фактот дека со татко му Антигон Едноокиот од мал живеел и растел во Азија, каде навикнал на послушни поданици. Кога пак група војници дошла да му каже дека:

„Македонците се уморени од војувањв за неговото раскошно живеење", му било страв да спие во логорот (Пинт., Демет, 44).

Правото на ''исегоха'' Македонците го задржале и во време на Александар (Опис) иако станува збор за друг вид на монархија за другите ама не и за македонците, имено сега Македонија била мулти-етничка, персијанците биле навикнати со векови да се поклонуваат и да ја извршуваат вољата на владетелот без приговор па Александар Македонски не морал да ги убедува, ама кај македонците не сменило ништо во однос на владетелот, дури кај реката Хифас, Александар ги поттикнувал слободно да го кажат нивното мислење. Александар Македонски не ги убедил македонците да го продолжат освојувачкиот поход, тој бил принуден за некое време да го прекине походот.
Примерите од времето на Филип Втори и Александар Трети што некои ги земаат за да докажат дека власта на владетелот била неограничена и дека улогата на македонското собрание била формална (само ги потврдувало одлуките на владетелот), не се типични (така случаите на смртна казна без судење: Атал, Клеопатра со бебето, непосредно по смртта на Филип, се одраз на борбата за власт), или пак се случуваат надвор од Македонија (судењето на Филота).

Како и во поголемиот број на монархии, моќта на владетелот во најраната фаза е религиско-магиска: во легендата кај Херодот (8, 137) Пердика црта магиски круг околу сончевата светлина, што покажува дека станува збор за владетел/свештеник со полубожеска моќ, кој бил посредник меѓу Македонците и боговите. Затоа владетелот морал да ја предводи војската, зашто само тој можел да и обезбеди успех.
Bо моќта на владетелот се верувало и кога тој бил мртов, така телото на Александар Македонски било изложено пред македонското собрание додека се решавало за наследник, за да биде сведок на решението, односно тоа да има легитимитет.

Владетелот-свештеник имал секојдневна обврска, пред секој потфат, на почетокот на гозби за верските празници како на богот Се, чиј празник се викал Хетаиридеиа Атх, да принесува жртви во име на народот - простасиа. Македонскиот историчар Марсија од Пела, современик на Александар и свештеник на Херакле, запишал дека владетелот, кога доаѓал во некој град, бил пречекуван со гуала (вид на чаша) полна со вино за да направи либатио (жртва). Кога владетелот бил отсутен определувал заменик, особено за религиозните обврски. Познати се неколку примери: некој си Јолај го заменил Пердика додека бил кај Потидеја, 432 год. п.н.е., 16-годишниот Александар бил заменик на Филип кој го опсадувал Византиј, во име на отсутниот.

Владетелот морал својата религиско-магиска моќ, а со тоа и политичкиот легитимитет, да ги докаже преку обичајот на владетелски лов на диви животни, пред се лавови, што во 5-от век пред Христос ги имало во Македонија (Хер., 8, 125126). Инаку лавот игра значајна улога во едно од чудата на Херакле (според една традиција Херакле го убил лавот во долината Темпе низ која тече реката Пенеј), затоа бил земен за родоначелник на македонската владетелска куќа. Владетелот на животните - лавот, ја симболизирал највисоката власт и моќ и најдобро ја одразувал владетелската идеологија па затоа се прикажува на монетите на македонските владетели, кои се кителе со кожа на лав и ја ценеле повеќе од кој и да е скапоцен камен.

Дијадемата за прв пат ја вовел Александар Македонски кога бил крунисан во Арбела и бил прогласен за владетел на Европа и Азија и за господар на господарите, па така ја вовел и дијадемата која била персиски обичај.

Прв вид на знаме било: црвено платно закачено на врвот од копјето сор и оса како знак за борба, се споменува во времето на Александар.

Освен религиската и воената функција, владетелот имал и судски вид на јавен обвинител за престапи кога казната била смрт, за што судело македонското собрание. И оваа должност морал да ја врши согласно на законите. Така на пример Филип Втори ја платил казната на осудениот бидејќи за време на судењето заспал. Очигледно се работи за случај на апелација, а не за обично судење, зашто во толку голема држава како Македонија, владетелот не можел да суди се па морало да има судии. Во времето на Филип се спомнуваат судии, ама не е јасно дали станува збор за судии на централната власт, или пак за локални.

No comments:

Post a Comment