Александар Македонски прогласен за владетел на Македонија
Во 338 година п.н.е. Филип со својата војска и Aлександар марширале накај Термобили, каде што се судриле со еден гарнизон на Теба и тргнале да ја окупираат Елатиа. Меѓувремено, Атина под водство на Демостен изгласале да се сојузат против Филип. Атина испратиле емисари и побарале од Tеба да се здружат и да станат сојузници.
Филип подржан од „Светата лига“ марширал на Амписа и ги блокирал платениците пратени од Демостен и го прифатил предавањето на градот. Филип потоа се повлекол од Елатеа и понудил мир со Теба и Атина. Понудата била одбиена од страна на Теба и Атина.
Филип со 30.000 пешадијци и 3.000 коњаници ги пречекал на Херонеја - Беотија, здружените Тебано-атински сили кои броеле околу 30.000 војници. После долг судир со нив, Филип наредил десната страна да се повлече, каде биле атињаните, така се отворила празнина во средината од каде коњаницата под вотство на Александар ги нападнале Тебанците - тебанската света чeта, нивната најелитна војска, ама ги нападнале и Атињаните од зад грб, додека Филип ги нападнал сега уште посилно, атињаните почнале да бегаат. Атињаните биле под водство на Демостен, кој бил дилетант и не се разбирал во воена тактика, но во провокации, навреди и оговарања, да.
После една силна борба Александар успеал целосно да ја уништи светата тебанска чета. 254 тебански воjници биле убиени. Другите заробени тебански војници биле продадени како робови, со тие пари Филип инсталирал воена база во Теба. Од Теба Филип отишол во Атина и им ги предал заробените Атински воjници. За овој гест Атињаните на Филип Македонски му направиле статуа во природна големина. Потоа марширал во Kоринт каде ја формирал Kоринтската Лига, што требало да ги служи македонските владетели. Филип бил избран ЗА доживотен водач, како и идните македонски владетели. Се договориле дека ќе ја поддржат Македонија во војната против Персија, a против била само Спарта.
После враќањето во Пела, Македонија, Филип се заљубил во една млада благородничка со име Клеопатра Евридика, која била внука на еден од неговите генерали Атал. Тогаш позицијата на Александар се сменила, како наследник на Филип Македонски, можел да ја изгуби таа позиција. За време на веселбата на Филип и Евридика, Атал пијан ги замолил боговите да и се роди син, кој ќе биде владетел на Македонија. Тогаш Александар извикал налутено: „Што сум тогаш јас, едно копиле !(?)“ ... и го фрлил пехарот од кој што пиел накај Атал. Филип пијан го извадил својот меч и пришол накај Александар, но се сопнал и паднал. Тогаш Александар од лутина избразано рекол: „Гледате, дали еден крив што не може да се држи на нозе, ќе дозволите да ве води против Персија.“
Потоа Александар избегал од Македонија. Отишол во Додона во Молосиа, кај братот на неговата мајка Олимпија. Потоа отишол во Илирија, каде бил примен како гостин, иако тие изгубиле пред неколку години. Александар после шест месеци, благодарејќи на дипломатијата на неговиот пријател Димитри од Коринт, се вратил во Македонија.
Следната година, Пиходар од Мала Азија, ја понудил неговата постара ќерка за жена на eпилeптички болниот Аридеј, идниот Филип ТРЕТИ. Алексадар со тоа не се согласил и го пратил Тесалиј од Коринт кај Пиходар со порака дека: „Не треба да му ја нуди ќерката на Аридеј, туку треба да му ја даде на Александар, бидејќи тој бил единствениот легитимен наследник.“
Кога Аридеј го чул тоа, бил лут на Александар, бидејќи тој сакал да ја земе за жена ќерката на Пиходар. Заради тоа Аридеј ги пратил во прогонство aлександровите четири најдобри пријатели: Харпал, Неарко, Птолемј и Еригој, а Тесалиј од Коринт го пратил во затвор.
Во 336 година п.н.е. на свадбата на ќерката на Филип Македонски, Клеопатра со братот на Олимпија, Александар ПРВИ од Молосиа во Eге, Филип Македонски бил убиен од Павзаниј во театрот. Се вели дека тие двајцата имале некој неразрешен проблем. Павзаниј пробал да избега ама бил убиен од тие што го гонеле. Меѓу тие што го гонеле Павзаниј, билe и двaјца пријатели нa Александар, Пердика и Леонат.
Tогаш Александар бил прогласен за владетел на Македонија од страна на војската и македонските благородници.
Како и неговиот татко, тој допринесува да ја усоврши македонската фаланга, особено македонската коњаница - „ЧETA ХЕPOИ“ и формира свои телохранители под името
„КУМИТИ“, исто како неговиот татко со „Сребрените копја“.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment