Кога Филип Втори дошол на власт во Македонија, територијата што ја наследил била помала од етничките граници на Македонија. Меѓутоа, Филип успеал да ги поврати загубените територии од неговите претходници и да ги врати етничките граници на Македонија. Освен тоа, Филип успеал и да ги обедини македонските племиња во една држава.
Македонското сонце со шестнаесет краци (зраци) се појавува за прв пат во времето на Филип Македонски, кој што ги обединил македонските племиња во една држава. Токму затоа Филип ја добил титулата Македонски, што претставувало најсветлото нешто за еден македонски владетел. Пред ова обединување македонското сонце имало осум краци. Македонските племиња кои што ги обединил Филип Втори Македонски биле: Адриани, Линкестијци, Пердикеанци, Пеонци, Одрисеанци, Моесианци, Алмопијанци, Пелагонци, Елиметејанци, Халкидијци, Илири, Мелесијанци(Епирци), Тракијаци, Дардани и Трибалци.
No comments:
Post a Comment