Хефестион


Хефестион бил син на Амyнтор. Точната дата на раѓање на Хефестион не се знае. Многу истовременици зборувале дека биле врсници со Александар. Во 343-та година п.н.е. бил трансфериран во македонскиот двор каде се запознал со Александар. Учел заедно со Александар кај Аристотел, ама не се знае со сигурност дека бил и тој на часови во Миеза. Се вели дека е најдена пошта меѓу Хефестион и Аристотел, но денес тие писма веќе ги нема.
Неколку години подоцна Хефестион бил во заборав, бидејќи неколку пријатели и самиот Александар биле пратени во прогонство поради судирот со Пиходар. Меѓу овие прогонети од Филип Втори биле Птолемј, Неаркх, Харпал, Еригоj и Лаомедон. Мотивот бидејќи го нема во таа листа е дека тие биле постари пријатели на Александар од по стара дата. Еригоj имал 24 години, бил постар од принцот Александар. Хефестион бил врсник на Алксандар.

Првата битка на Хефестион била против траките, додека Александар бил Регент, предводен од Филип на Дунав 342-ра година п.н.е. и битката на Херонеја 338-ма година п.н.е. На почетокот бил и ангажиран и во важни дипломатски мисии, некогаш и технички. Првата е после битката на Ис 333-та година п.н.е. Кога Александар го зазел Сидон, Хефестион бил назначен да одбере гувернатор на таа територија.
Хефестион послушал еден локален совет и земал некој благородник од кралската фамилија кој бил многу чесен, по име Абдалоним. После 332-ра година п.н.е. Александар го ставил како командант на неговата флота, кој имал за задача да го прати од море во Газа. Задачата не била лесна, а бидејќи флотата билa составена од разни народи. Во Газа при опсадата требало да се истоварат машините за опcада, а теренот бил многу тежок.

Плутарх пишува:

„Во тој момент Александар добил вести од Атина дека атињаните и спартанците се кренале на бунт, Александар му напишал за тоа. Така Хефестион бил пратен да изврши една извидница. Хефестион се сретнал со Аристо да договори мир меѓу Александар и Демостен и спартанскиот aвaxтo Агис Трети. Тие биле добро наклонети за оваа идеjа и времено Хефестион ги спасил македонските интереси во градовите држави.“

Се вели дека Хефестион ја предводел македонската фаланга во Египет и направил еден мост на реката Еуфрат. Иако бил надгледуван од другата страна од Мазае, кој бил назначен од Дариј. Мазае ја командувал персиската војска од десно во битката на Галгамела, а подоцна станал и Александров гувернатор на Вавилон.
Во битката на Галгамела Хефестион бил командант на телохранителите на Александар, кои не била владетелска единица но биле задолжени да го штитат владетелот во битка. До тоа време бил задолжен Kлито. Во таа битка Хефестион бил ранет од една стрела во раката. После битката го поддражал Александар во помирувањето со персијците.
Една вечер во Вавилон Александар забележал како една персиска благородничка жена била принудена да игра. Другиот ден Александар наредил на Хефестион сите затвореници, персиски благородници да бидат донесени во владетелските одаи и лично тој Хефестион да се увери во тоа.
Хефестион, Kратер и Коен го мачеле Филота кога тoј се обидел да го отруе Александар. После егзекуцијата на Филота 330-та година п.н.е., Хефестион бил назначен за командант на коњаницта заедно со Клито, претходна задача на Филота. Со тоа и ги променил старите навики и почнал да употребува и нови воени тактики како што се против Скитите. 328-ма година п.н.е. војската го нападнале Балкх во пет колони меѓу кањоните и реките на Тенаи и Оху заземајќи ја Согдиана, Хефестион наредил на една колона да направи и град во Мараканда.
Во пролета 327-ма година п.н.е. војската во Индија се разделила, едната со Александар на север, а другата со Хефестион и Пердика на кај преминот Кајбер. Tеренот не бил познат па биле и давани наредби според теренот. Многу често во Авганистан силите на Александар се делеле, една е и кога Александар дал наредба Хефестион заедно со Кратер со една силна единица да ги потчини бактријските бунтовници.
Александар го одбрал Хефестион будејќи уживал голема доверба во него, а тој без приговор извршувал се. Кога стигнале на Инд му било наредено за 30 дена да направи лотки со кои ќе ја преминат реката, Хефестион ги направил пет дена порано. Во битката на Инд 326-та година п.н.е., Хефестион водел еден добар дел од македонската коњаница. Hа враќањето му била доделена половината од војската, елитна војска и 200 слона.
Дел од војската, како и Александар, патувале во бродови кои биле направени под команда на Хефестион. По патот Александар бил ранет во борба со едно племе и тука должноста за ред и мир ја зел Хефестион. Таму го организирал и правењето на флота, пристаниште и една тврдина во Патала. Хефестион бил командант во Патала, а Александар продолжил. Кога му се приклучил во Рхамбахија проектирал еден град во таа зона. Хефестион ја поминал Гедрозиската пустина заедно со Александар споделуваќи ги маките.

Во Суcа бил одликуван за вредност, затоа и станал заменик на Александар во битка.

Херакле - Македон



Херакле - Македон (327–309 година п.н.e.) — син на македонскиот владетел Александар Македонски од неговата љубовница Барсина. Мајката на Херакле, Барсина, потекнува од познат персиски род, нејзиниот татко е Артабаз. Ја омажиле за Ментор од Роди, кој командувал со персиските војски на запад, а после неговата смрт таа повторно се омажила и тоа за братот на покојниот маж, Мемнон. Мемнон војувал со Александар Македонски, кога тие се подготвувале кон Азија во 334-та година п.н.e., за да не пребегне кон македонскиот владетел, неговата жена Барсина ja држел во дворецот на персискиот владетел Дариј. Во 333-та година п.н.е. Мемнон умира, во таа година е битката кај Ис, каде Дариј претрпел целосен пораз и избегал. Дел од неговиот дворец, вклучувајќи ја и Барсина, бил завојуван во Дамаск како воен трофеј. Барсина имала околу 30 години, таа била убава и Александар, кој воопшто не бил рамнодушен кон жените, ја зел како залог. Во 327-ма година п.н.е. Барсина на возраст од 36 години го родила Херакле, првото дете на Александар. Таа имала и деца од првиот маж. После женидбата на Александар со бактријската принцеза Роксана, мајката го повела Херакле во Пергам, каде тие мирно живееле заедно се до смртта на Александар во 323-та година п.н.е.

За незаконитиот син на Александар Македонски се спомнува во времетo на барање нов владетел на Македонија, кој е должен да има благородна крв и да е од машки род. Јустин пишува дека командантот на фалангата Мелеагр предложил:

„…ако тие генералите сакаат момче, тој е во Пергам и е син на Александар од Барсина, по име Хераклe и ако тие предпочитаат маж, го има во кампот Ардеа, син на Александар.“

Предлогот за Херакле не поминал, и Барсина со синот спокојно продолжиле да живеат во Пергам до 309-та година п.н.е. Антигон му го пратил биолошкиот син на Александар Македонски, Херакле на Полиперхон за да послужи во нагодба против Касандар. Меѓутоа Полиперхон решил да ги раскине врските со Антигон, и го убил момчето. Во 309-та година п.н.е., после роскошниот банкет, Херакле и неговата мајка ги удавиле по наредба на Полиперхон.

Со смртта, или попрецизно кажано, со атентатите врз двајцата синови на Александар Македонски, извршени по наредба на Касандар, син на Антипатар, започнува крајот на македонската монархија. Другите после Александар Македонски, не знаеле како да владеат. Причината била многу едноставна, не знаеле како, или пак немало кој да ги научи.

„Aко малото лавче расте меѓу овци, кога ќе порасне, ќe биде само една голема овца“ - Филип Македонски

Александар Четврти



Александар Четврти Македонски (323 – 309 година п.н.е.) бил син на Александар Трети Македонски и Роксана, принцеза од Бактрија и Василевна на Македонија, со сите почести за една македонска владетелка од тоа време.
Бидејќи Роксана била бремена кога Александар Македонски умрел, а полот на детето не се знаел, се јавиле неслоги кај македонската војска во врска со редот на наследување. Додека пешадијата го поддржувала вујкото на детето, Филип Трети (кој бил епилептичар), хилиархот Пердика, командант на елитните коњички придружници - чета херои, успеал да ги убеди да сочекаат, надевајќи се дека детето ќе се роди машко.
Вака двата табора се согласиле, Пердика да владее како регент додека Филип би владеел, но само како фигура, без вистинска моќ. Ако детето се родило машко, тогаш тоа ќе стане владетел.

Александар Четврти се родил во август 323-та година п.н.е.

По строгото регентство, воената пропаст во Египет и бунт во војската, Пердика бил убиен од неговите воени старешини во јуни 320-та година п.н.е., по што Антипатар станал новиот регент со Трипарадиската поделба. Со себе ја донел Роксана и двата претенденти на престолот на Македонија и се откажал од претензиите кон владеење на Александровата Македонска Империја, оставајќи ги некогашните провинции Египет и Азија во власта на сатрапи. Кога Антипатар умрел во 319-та година п.н.е. му ја доделил власта на Полиперхон, генерал кој им служел на Филип Втори и Александар Македонски, и нивниот наследник, прескокнувајќи го синот Касандар.

Од 317-та година п.н.е., владетел на Mакедонија е Александар Четврти Македонски, но вистинската власт била во рацете на Олимпија, која била негов регент.
Следната година Касандар повторно ја освојува Македонија. Олимпија веднаш била погубена, додека владетелот Александар Четврти и неговата мајка биле ставени во затвор во тврдината Амфипол, под надзор на Главкиј.

Кога општиот мир помеѓу Антигон, Птоломеј Први Сотир - заштитникот и Лизимах ставил крај на Третата Дијадохска војна во 311-та година п.н.е., мировниот договор ги признал правата на Александар Четврти Македонски и било јасно иcкажано дека тој ќе го наследи Касандар, кога ќе стане полнолетен.

По мировниот договор, бранителите на Аргеадите почнале да изјавуваат дека Александар Четврти Македонски треба сега да има полна моќ и дека повеќе нема потреба од регент. Одговорот на Касандар бил дефинитивен: за да си ја обезбеди власта, во 309-та година п.н.е. му наредил на Главкиј да изврши таен атентат врз 13 - годишниот Александар Четврти Македонски и неговата мајка. Така и двајцата биле отруени.

Роксана


Роксана (бактријски, персиски: Roshanak) e ќерка на сатрапот на Бактрија (тогашна источна Персија, сегашен Авганистан). Родена е 341 година п.н.е., но датумот на нејзиното раѓање не може со точност да се утврди. Бактрија била последната персиска провинција која потпаднала под власт на Александар Македонски.

Роксана е првата сопруга на Александар Македонски со која се оженил 327 година п.н.е. После женидбата со Александар, Роксана го придружува Александар во неговите походи кон Индија. Роксана, му го раѓа синот Алексадар Четврти, постхумно, во Вавилон 323-та година п.н.е.
Како политичка фигура Роксана била неважна и според мислењето на многумина немало некоја посебна причина за женидбата на Александар со неа. Сепак има претпоставки дека најверојатно тој се оженил со неа со цел уште повеќе да ја обедини Македонија со Персија и народите кои живееле во Македонската Империја, различни по раса, култура и начин на живот. Александар одсекогаш се борел за нивна рамноправност и сакал да ги ослободи и да го обедини целиот свет.

После смртта на Александар Македонски, Роксана и нејзиниот син биле жртви на политичките интриги после колапсот на Александровата империја. Роксана ги убива другите две вдовици на Александар, Статетира Bтора и нејзината сестра Дриптиз. Роксана и нејзиниот син биле под заштита на Олимпија, мајката на Александар. Но после нејзиното убиство во 316-та година п.н.е. му овозможува на Касандер да го побара престолот на Македонија. Бидејќи Александар Четврти бил легитимен наследник на македонската круна, Касандер наредил 309-та година п.н.е. тој и Роксана да бидат убиени.

Олимпија


Олимпија била принцеза од Молосиа, жена на македонскиот владетел Филип Bтори Македонски, Василевна НА Македонија и мајка на Александар Трети Македонски. Олимпија е ќерка на епирскиот владетел Неоптолемеј Втори, кои се сметале за потомци на Ахил. Првичното име и било Поликсена, но во детскиот живот го носела името Миртала, а по свадбата, Филип Втори Македонски и го дал името Олимпија во чест на спортските игри. Сепак на крајот од нејзиниот живот името повторно и е сменето, овојпат во Стратоника.

Олимпија се запознала со Филип Македонски, владетелот на Македонија, во 357 година од старата ера, на островот Самотрака, за време на нејзиното учество во свеченостите во чест на некои мистериозни религиски култови посветени на божествата Кабири, Орфеј и Дион.
Била ќерка на поранешниот Mолоски (епирски) владетел Неоптоломеј и внука на тогашниот владетел Ариб. Стапиле во брак истата година. Во наредната 356 година п.н.е. е роден Александар, а во 355 година п.н.е. е родена и ќерката Клеопатра.

Олимпија била млада, исклучително убава, самостојна и горда по карактер. Силна личност со комплекс на натчовечко потекло, Олимпија била следбеничка на мистериозен култ. Убедување за божественото потекло успеала да му го всади и на Александар. Заземајќи доминантна позиција на дворот, таа била во постојан конфликт со македонските великодостојници, па дури и со самиот Филип.

Имало легенда во која се велело дека таткото на Александар Трети не бил Филип Втори Македонски, бидејќи тој ја одбил љубовта на Олимпија поради змиите, туку ИЛЕ - богот на Cонцето кој спиел со Олимпија за време на невремето. Самиот Александар Македонски ја поддржувал легендата поради политички причини, но го сметал за свој татко Филип Втори Македонски.

Непостојанството на Филип Втори Македонски и љубомората на Олимпија довело до смрзнување на нивната врска и развод. Најкритичен момент бил кога Филип Втори Македонски се оженил со млада македонка аристократка по име Клеопатра во 337 година п.н.е. Филип и од порано имал други жени, но тие жени во поглед на социјаниот статус врз Олимпија не можеле да влијаат. Во меѓувреме, Олимпија се вратила во својата родна земја Молосиа. Година дена подоцна Филип Втори е убиен.

За време на македонскиот поход, Олимпија упорно му пишувала на својот син Александар, таа претставувала авторитет и имала големо влијание врз Александар, дури и врз македонскиот претставник Антипатар. Меѓутоа, Александар Македонски не дозволил мајка му да се меша во државни работи.

По смртта на Александар Македонски во 323-та година п.н.е., Македонија била оставена на Антипатар, а Олимпија владеела со Молосиа, се додека нејзиниот внук Неоптоломеј, син на ќерката на Олимпија не пораснал.

Касандар се сојузил со Птоломеј Први, Антигон Први Едноокиот и Евридика Трета, амбициозната жена на Филип Аридеј, и прогласил војна против регентството. Полиперхон се сојузил со Еумен и Олимпија.
Иако отпрвин Полиперхон бил успешен во заземање на градовите држави, неговата флота била уништена од Антигон 318-та година п.н.е. Кога по битката Касандар зазел полна власт врз Македонија, Полиперхон морал да пребега во Молосија, заедно со Роксана и младиот Александар.

Неколку месеци потоа, Олимпија успеала да го убеди нејзиниот роднина Еакид да изврши инвазија на Македонија заедно со Полиперхон. Кога Олимпија отишла на полето, војската на Евридика одбила да се бори против мајката на Александар и ја напуштиле. Олимпија, Полиперхон и Еакид повторно ја зазеле Македонија. Филип и Евридика биле фатени и погубени во на 25 декември, 317-та година п.н.е., така оставајќи ја Mакедонија на Александар Четврти Македонски, но вистинската власт била во рацете на Олимпија, која била негов регент.

Следната година Касандар cе вратил (316-та година п.н.е.), повторно освојувајќи ја Македонија. Олимпија веднаш била погубена, додека владетелот Александар Четврти и неговата мајка биле ставени во затвор во тврдината Амфипол, под надзор на Главкиј.

Жени и деца на Александар Македонски


Не е можно со сигурност да се потенцира колку деца имал Александар Македонски. Македонците од што имале голема чест кон него ги носеле нивните ќерки да спијат со Александар Македонски, со надеж дека тие ќе имаат плод од македонскиот владетел.

Жени и љубовници на Александар Македонски за кои постојат записи од страна на античките автори:

Барсина
Каликсена (латински: Callixeina),
Кампаспа (латински: Campaspe, Pancaspen, Pacate)
Роксана
Статира
Парисатида

Деца на Александар Македонски:

Херкул - син од Барсина
Александар Четврти - син од Роксана


Римскиот писател Јустин, кој пишувал во 2-риот век по изгубената книга на Помпеј Трог "Светската историја" во 44 тома, рекол дека:

„Александар Македонски отиде во Дедалските планини и во царството на царицата Клеопида. Таа му се предала на Александар и како благодарност тој и го вратил царството назад. Тоа што не можела да го добие со оружје таа го постигнала предавајќи му се целосно. Синот роден со неа, таа го нарекла Александар. Тој потоа владеел со Индиското царство.“

Александар, според Плутарх, не бил развратен човек. Жените сами му приоѓале. Значи, амазонската кралицата Фелестрида, триесет дена јавала во седло за да роди од него син. Сепак, говорат, амазонскиот син, како и сите други синови на Александар, починал пред да доживее полнолетство и следствено на тоа не оставил потомство.

Само синот на Клеопида ја достигнал зрелоста. Затоа тој е интересен за нас, бидејќи можат да се најдат „сибирските“ потомци на Александар.

Градот во кој управувала кралицата Клеопида, се викал Масага.

Поделба на македонската империја



По смртта на Александар Македонски, македонската империја се распаѓа на три дела: династијата Птолемаидите ќе го превземе Египет, Антигонидите - Македонија , а Селевкидите - Блискиот Исток. Александар егзистира како митска личност во митовите на многу европски, азиски и афрички народи.


===  на Птоломеј Први
===  Македонија - Касандар
===  на Лисимах
===  на Селевк
===  други држави
===  Картагина
===  Рим

      

Тестаментот на Александар Трети Македонски


Тестаментот е направен од Александар Македонски, син на Иле (Бог на Сонцето) и Олимпија.

1. Ако моето дете од жена ми Роксана е машко, тој пред сите други треба да биде Владетел на Македонија, а во меѓувреме, синот на Филип, Аридеј, да биде лидер на македонците. Ако детето од мојата жена Роксана, биде женско, дозволете македонците да видат дека таа е одгледана и омажена на начин што доликува на мене и мојот ранг и дозволете да си избере Господар - човек за кој тие мислат дека е достоинствен за тоа. Човекот така избран треба да биде Владетел на Македонија.

2. На мојата мајка Олимпија и го доделувам правото да живее на Роди, место кое таа го пожелува и Владетелот на Македонија треба секоја година да проверува дали и се дава се што и се давало за време на мојот живот. Додека македонците одлучат да наименуваат владетел, Владетелот Александар, син на Иле и Олимпија, го одредува Кратер за надгледувач на целa Македонија и му ја дава за жена Кинани, ќерката на Филип, поранешниот владетел на Македонија. Лизимах, го ставам одговорен за Тракија и за жена му ја доделувам Tecaлoника, ќерката на Филип, поранешниот владетел на Македонија (ПС. - Калл. 3.33.13). Леонaнт го задолжувам за Хелеспонт и му ја давам раката на сестрата на Холкид, Клеона. Го назначувам Еумен, мојот секретар, за владетел на Кападокија и Пафлагонија.

3. Изјавувам, островите да бидат слободни, да ги задржат нивните претходни посесии и да бидат автономни.

4. Го назначувам Антигон, владател на Памфлија, Луција и Голема Фригија и го ополномоштувам за Карија и Асандер, како и територијата која што лежи под реката наречена Халис, преку оваа земја го назначувам владетел Антипатар. Владетел за Силисија е Никанор, a Питон за Сирија, воедно и за т.н. Месопотамиска Линија. Bабилон и неговите придружни територии ги доделувам под команда на Селеук, кој е мој воен придружник. За Феникија и Келе - Сирија го ополномоштувам Мелагер. Египет го оставам на Птоломеј и им го одобрувам бракот со мојата сестра Клеопатра.

5. За владеење на областите кои лежат помеѓу границите на Bабилон и Бактрија, го назначувам Пердика. Народот на Роди треба да се награди со 300 таланти злато од владетелското богатство за разубавување на нивниот град, воедно и 40 тримери и слободна годишна надокнада од 20000 медимни Египетско жито и 20000 медимни пченица од регионите од Азија, придодадени на Роди. Исто така, давам команда за преместување на гарнизонот, што јас го оставив таму. Свештениците во Египет да бидат наградени со 2000 таланти единици злато од јавниот приход.

6. Јас Александар Македонски не сакам моето тело да биде закопано, ама фрлено во реката Еуфрат, секако да не се знае местото на мојот гроб. „Кремирајте го моето тело и не градете никаков споменик. Држете ми ги рацете надвор, така што луѓето ќе знаат, тој што го освои светот, немаше ништо во рака кога почина.“

7. На тебјаните од Беотија, да им се доделат 300 таланти за реновирање на нивниот град, а на оние што принудно избегаа од таму како резултат на војната, им го надокнадувам нивниот имот од кој ги лишив. Сметам дека достатно беа казнети со нивната сесрдна опозиција кон мене. На Атињаните да им се додели златен трон за храмот во Никеја и златни службени алишта. Моето лично оружје и одликувања и 1000 таланти единици сребро да се остави во храмот на Хера на Арг, додека во храмот на Иле во Делфи сите слоновски оружја и две кожи од змии, а воедно и 100 златни суди садови со кои се чествувале Боговите. На народот Милес и од Книдија да им се доделат по 150 сребрени таланти.

8. Тасе (Таџил) да биде владетел на оние делови од Индија кои граничат со индиската река, Пoр (Пер) на оние делови помеѓу реката Хидаспес и Хиндус. Го назначувам таткото на мојата жена, Роксана, за владетел на Паропанисада и Сибиртија, да владее со Арахосија и Кедросија. Командата ја предаваме на Стамен (Стасанор) од Соли за да владее со Арија и Арангија. Филип да владее со Бактријците. Партеја што ја придружува Хиркалија јас ја давам на Фратафернеј, а Карманија на Тлеполем. Пеце (Пеуцестас) треба да владее над Персијанците. Од сите владеења да биде изоставен Оксидат, а Кратер да владее со Медеа. Аргир (Аргaj) да биде отстранет од Сусија, а Коен да владее наместо него.

9. За владател на илирите го назначувам Холкија и го наградувам со орден од 500 реквирирани, одземени коњи и 3000 таланти сребреници, кои треба да ги искористи за правање статуи на Александар, Иле, Никеја, Херкул, Олимпија и мојот татко Филип и нив да ги смести во гробницата на Олимпија. На луѓето на кои им доделив високи функции да постават позлатени статуи на Александар во Делфи, Еге и Пела. Птоломеј да постави позлатени статуи во Египет на Александар, Иле, Никеја, Херкул, Олимпија и поранешниот владетел на Македонија, Филип Македонски.

10. Сведоци на ова да се нашиот предок Македон (Херкул), Никеја (Божицата на победата), Иле (Бог на Сонцето) и успехот на Александар. Доколку некој од наброените, постапи спротивно на моите одредби, јас ги преколнувам Македонските Богови и македонците, да не го остават неказнет за тие недела и да биде одговорен за кривоклетството пред Боговите и луѓето.

Смртта на Александар Македонски


По патувањето во Екбатана за да го преземе најголемиот дел од персиското богатство, неговиот најдобар пријател, Хефестион умрел од труење. Александар Македонски тагувал по умрениот пријател 6 месеци.

Антипатар бил наклеветен од василевна Олимпија за арогантно регенство (владеење во име на владетелот во отсуство). Поради тоа на Антипатар му било наредено од страна на Александар Македонски да дојде во Вавилон за да се одбрани од тие клевети. За лошото владеење од страна на македонските благородници со сигурност се знае дека Александар Македонски ги погубувал, па затоа Антипатар го праќа неговиот син Касандар како негов бранител.

Касандар кога стасал во Вавилон увидел можност: му наредува на својот помал брат Joлaj, кој служел како паж (слуга од доверба) кај Александар Македонски да го отруе Хефестион со тоа и да го проба ефектот на отровот што го донел со себе. Причината за смртта на Хефестион не се утврдила.

Во Вавилон, Александар Македонски лично го надгледувал градењето на една поморска база, каде македонци, вавилонци, индијци и персијци работеле и учеле од феникијците, највештите бродоградители во древниот свет. После една од прославите во чест на пуштањето во работа на нивната нова база, Александар Македонски добил треска, по една вечер на која обилно се пиело.

Така по неколку месеци кога ситуацијата околу смртта на Хефестион била стивната и Александар Македонски бил отруен на истиот начин како и Хефестион, од страна на помалиот брат на Касндар, Joлaj, а по наредба на Касандар, син нa Антипатар.

Надвор, војниците чекале вести и, кога сфатиле дека здравјето му се влошува, замолиле да влезат и да се збогуваат со него. Додека војниците се собирале крај неговиот кревет, тој бил премногу омалаксан за да зборува, но им возвратил на нивните поздрави и на секој од нив му посакал се најдобро, климајќи со главата, мавтајќи со рака или трепкајќи со очите.

Кога почувствувал дека е на прагот на смртта, Александар Македонски ги повикал своите генерали и им ги соопштил своите последни три желби:

- Да се пренесе неговиот ковчег врз рамото на најдобрите лекари.
- Богатствата кои ги стекнал по својот пат да бидат расфрлани по патот кон неговиот гроб.
- Рацете да му бидат поставени надвор од ковчегот за да можат да ги видат сите.

Еден од генералите зачуден од необичните желби на Александар побарал од него објаснување за причините. Александар Македонски одговорил:

- Сакам најдобрите лекари да го подигнат и носат мојот ковчег, за да покажат на сите дека и тие се немоќни пред лицето на смртта!
- Сакам земјата да се покрие со моите богатства за да видат сите дека она што тука ќе го стекнеме тука и ќе остане!
- Сакам рацете да ми бидат надвор од ковчегот за да можат сите да видат дека доаѓаме со празни раце на овој свет и со празни раце заминуваме, кога за нас ќе заврши наjскапото што го имаме – времето!

Времето тука ни е ограничено. Можеме да правиме пари, но не и време. Кога посветуваме време на даден човек, ние му даваме еден дел од нашиот живот. Го цениме ли доволно она што го даваме и примаме? Зошто времето истекува низ прстите на Бога...

На 10 или 11 јуни 323-та година п.н.е., Александар починал во Вавилон. Тоа било само еден месец пред да наполни 33 години.

Пред да умре Александар го прашале кој да го наследи, а тој одговорил: „Кратерој“. Кратер бил неговиот генерал, но желбата на Александар Македонски не била усвоена од другите поамбициозни генерали. И не само таа желба, туку и многу заповеди на Александар Македонски.

Повеќе учени веруваат дека Александар имал намера да избере некој од неговите генерали, а очигледен избор бил Кратер, бидејќи тој бил командат на најголемиот дел од армијата, се докажал како брилијантен командат, и бил олицетворение на "идеален" македонец. После ваквиот одговор на Александар кој им го дал на своите генерали, најверојатно Кратер бил убиен пред воопшто да биде во можност да организира церемонија по повод неговото назначување.

Како последица на тоа империјата на Александар Македонски била поделенa на четири територии. Македонската Империjа постоела 12 години како целина.



Погребната церемонија на Александар Македонски




Од сите историски извори, античкиот историчар Диодор Сикулски дава најдетален опис на погребната кола и на целата погребна церемонија на Александар Македонски:

„Првин со чекан направиле златен ковчег, според големината на телото (на Александар); него до половина го исполниле со миризливи материи, за да шири пријатна миризба и да го сочува телото од распаѓање;

Над ковчегот поставиле златен капак, така точно прилагоден, што ја опкружувал целата надворешна страна (на ковчегот). Над сето ова префрлиле порфирана прекривка, прекрасно извезена со злато; околу неа се наоѓало оружјето на починатиот, со што се давал увид во делата што тој ги извршил.

Потоа довлекле кола, на која што требало да се пренесува телото; на горниот дел од колата се наоѓала златна сводеста “одаја“, направена од скапоцени камења; таа била долга осум а широка десет лакти.

Под врвот на сводот од одајата се наоѓал квадратен златен трон, на кој биле претставени глави од “трагелафи“ во величина од две дланки; на прстени, како украс биле прицврстени разнобојни венчиња, како цветови;

На врвот имало мрежеста завеса, на која виселе огромни ѕвонци, за да може од далеку да се слушне дека колата се наближува; На аглите од сводот, на секоја страна стоела Победа, со трофеј во рацете;

Сводот бил држен од златен перистил со јонски капители; внатре во перистолот, се наоѓала златна мрежа, со дебелина од еден прст, над којашто паралелно биле поставени по четири плочи, на кои што имало претставени фигури; овие плочи биле еднакви по величина со ѕидовите на “гробната одаја“.

На првата плоча се гледа колесница, богато изработена од метал; на неа седи Александар со убав жезол во раката; околу кралот под оружје врви Македонската гарда и персијци, наречени “мелифори“; пред нив оделе војници, што го носеле оружјето;

На втората плоча била претставена колона слонови, украсени според воениот обичај; на нив, на чело јавале инди, а одзади македонци, со нивното вообичаено оружје;

На третата плоча се гледаат коњичките чети, кои што прикажуваат како се развива една битка;

На четвртата плоча се претствени кораби, подредени за битка; На влезот од оваа “одаја“ се наоѓале златни лавови, коишто како да гледале во оние, што влегуваат внатре; Од средината на секој столб нагоре, се до капителите се издигал златен акант;

Над “сводестата одаја“ над средината на сводот, на отворено бил прострен порфилен килим, на кој што била положена голема златна круна со маслинови гранчиња; кога сонцето со своите зраци ќе ја допрело, создавале молскава и треперлива светлина, така што одвреме, навреме, како да предизвикувала молњи;

Од страните на колата, над која што се наоѓала целата оваа градба, стрчеле по две оски, на коишто се вртеле четири персиски тркала, чии што пречки биле позлатени; само оној дел од тркалата, што допирал до земјата, бил железен; Крајните делови на оските, што стрчеле биле од злато и на нив имало златни лавовски глави, чии што усти држеле копје;

Околу средината на должината на колата, во средишниот дел на “одајата“, се наоѓала механичка оска, која што на сета оваа градба и давала рамнотежа, за да може колата да се движи без нишање и на нерамни места; Имало четири процепа; на секој од нив бил прицврстен четворен ред јарем; на секој јарем биле врзани по четири мазги, така што вкупниот број на мазгите бил шеесет и четири; тие биле највнимателно одбрани според големината и силата.

Секоја мазга на главата имала позлатена круна, од двете страни на устата им виселе по две ѕвона; околу вратот имале ѓердани од скапоцени камења.“


Свадбата на Европа и Азија


Во обид да воспостави трајна слога помеѓу македонските и персиските граѓани, Александар Македонски организирал и масовна венчавка помеѓу македонските офицери и персиските и други благороднички од Суса. Самиот тој ја зема ќерката на Дариј, Статеира како вторa жена. Hо изгледа мал број од тие бракови траеле повеќе од една година.




Неговите обиди да ги обедини македонската и персиската култура вклучувале и македонска воена обука за персиските момчиња. Повеќето историчари веруваат дека Александар Македонски ја усвоил и титулата Шаханшаш (што значи „Господар на Господарите“). Се мисли и дека Александар Македонски сакал да го освои и присоедини и Арабискиот полуостров, но оваа теорија не е потврдена. Се претпоставувало и дека Александар Македонски може да се упати на запад и да ги нападне Картагина и Италија.

Последниот говор на Александар


Александар Македонски се качил на еден подиум, и со сета одлучност да почне жестока реторичка расправија, им викнал на македонците:

“Целта на мојот говор не е да ве спречам да се вратите дома. Што се однесува до мене, вие можете да се вратите дома секогаш кога ќе посакате.

Целта на мојот говор е да ви откријам каков вид на луѓе станавте сега и каква е благодарноста која ја упатувате на оние кои ви дарија толку многу богатство и величественост.

Пред да говорам за тоа што јас сторив за вас, дозволете ми да започнам со мојот татко, Филип. Кога мојот татко ве најде, бевте скитници и сиромашни, се облекувавте во животински кожи и пасевте неколку овци на планинските падини. Тој ве најде кога со малку успех се браневте од илирите, трибалите и тракијците.
Наместо со вашите животински кожи, тој ве облече во наметки. Од планините, ве донесе долу во низините. Но најмногу од се, ви даде храброст, храброста да се борите со варварите, кои беа насекаде.
Повеќе не брзавте да се засолнувате во зафрлените места и во пукнатините во карпите на вашето неосвоиво планинско упориште. Цврсто стоевте на земја и се боревте за она кое што праведно ви припаѓаше.
Тој ве направи колонизатори и воведе закони и обичаи кои не само што се грижеа за вашата безбедност, туку ја донесоа и зората на новото време на културата и живеењето.
Од робови и од осиромашени поданици, тој ве направи владетели не само на вашата земја, туку и над варварите кои претходно ви се закануваа со опустошување на вашите имоти и со зграпчување на вашите придобивки.
Тој ве направи владетели на тесалијците, од кои секогаш имавте длабок и смртен страв. Со победата над фокијците, тој го обезбеди нашиот пристап кон Пелопонез преку патишта кои беа широки и проодни, а не тесни и непристапни.
Тој ги понижи атињаните и тебанците до толку голема мера, а во тој поход, јас лично му помогнав кај Херонеја, така што наместо овие нации постојано да ја напаѓаат Македонија и да им плаќате данок на првите и да живеете како вазали на вторите, тие сега се потпираат на нашата помош и интервенција за да ја обезбедат нивната сигурност.
Тој навлезе на Пелопонез и откако обезбеди контрола врз нивните работи, беше избран за главен заповедник на цел Пелопонез во експедицијата против персијците, слава која што не ја присвои само за него, туку и ја дари на целата македонска нација.
Овие беа предностите кои ги добивте од него. Тие се големи ако ги гледате издвоено, но се мали во светлината на тоа што го добивте од мене.
Иако од Филип наследив само неколку сребрени и златни пехари, јас се соочив со празна ризница и со огромните долгови на Филип. Позајмив во ваша корист, за да водам експедиција од земја која не можеше да ве издржува и веднаш отворив премин кон Хелеспонт преку опасното море, кое беше контролирано од Персијците.
Откако со нашата коњица ги совладаме вице-кралевите на Дариј, ние ја освоивме Јонија, Еолија, Фригија и Лидија, и со опсада го заземавме Милет. Сите други нации доброволно ни се предадоа. Ви ја дарив привилегијата да го присвоите неизмерното богатство кое го најдовме при секое освојување.
Богатствата на Египет и на Кирена, кои ги освоив без борба, дојдоа во ваши раце. Богатствата на Сирија, Палестина и на Месопотамија се ваши, ваши се и богатствата на Вавилон, Бактра и Суса. Ризниците на персијците, како и неизмерните богатства на индијците, исто така се ваши.
Вие сте вице-кралевите, војсководителите и водачите на оваа кампања. За мене не зедов ништо, освен оваа пурпурна одежда и дијадемата.

Ништо не сум зел за себе и никој не може да ги покаже моите трезори, освен овие ваши имоти, или ова што е зачувано за вас. Зашто јас нема зошто да ги чувам за себе, зашто јас ја јадам истата храна што ја јадете и вие и исто спијам како и вие, а не како некои од вас што живеат во раскош. Исто така знам дека се будам пред вас и гледам како мирно спиете во вашите постели. Кој од вас се грижел за мене онолку колку што јас сум се грижел за него. Или, еве, некој што има лузни нека се соблече и нека ги покаже. И јас ќе ги покажам моите. Зашто нема ниту еден дел од моето тело што нема лузни. Нема оружје што е употребено одблизу, или фрлено од далеку, од кое немам белег. Бев ранет и од меч и од стрели, бев погоден и од катапулт. Многу пати бев удрен и со камења, и со дрво, за вас, за вашата слава и за вашето добро. Ве водев како освојувачи кои не претрпеа ниту еден пораз, во секоја земја, по секое море, по секоја планина и река.
Никој не може да каже дека поседувам нешто освен тоа што го поседувате вие или тоа што јас ви го заштитувам.

А сега, кога сакам да ги испратам дома оние кои се стари и болни, а верувам дека дома секој ќе им завидува, сите вие сакате да си заминете.
Одете, тогаш, и кажете им на луѓето дома дека вашиот вoдaч, кој ги освои персијците и бактријците, кој ги потчини уксијанците, кој ги здроби парќаните, и кој маршираше преку Кавказ и низ портите на Персија, и ги помина големите реки Оксус и Инд, кои не беа преминати од времето на Дион, кој стигна до устието на Океанот, и кој маршираше преку Гедрозиската Пустина преку која ниту една војска не преминала жива, одете и кажете им на луѓето дома дека после сите овие напори сте го оставиле зад себе човекот кој ве водел низ сето ова, и дека сте го оставиле во рацете на луѓето кои ги освоил.

Можеби вашите зборови ќе им бидат мили и ќе ве направат извор на завист и почит во очите на мажите и жените, и побожни во очите на Бога.

Одете назад во Македонија. Заминете.“


После овој говор, Александар Македонски се повлекол во својот шатор и не се појавил два дена. Говорот имал хипнотизирачко дејство врз луѓето. Тие јурнале кон палатата и чекале тој да се појави, и кажале дека нема да мрднат од место се додека Александар Македонски не излезе за да се сретне со нив. Кога конечно се појавил, тој бил толку трогнат од нивниот лелек, така што од очите му се тркалале солзи. Некој старешина од Четахероите истапил напред и му кажал:

„Ох, вacилeoн, нас македонците најмногу не ожалостува тоа што некои персијци ги направи твои сродници - тие ја имаат честа да се нарекуваат себеси "сродници на Александар" и може да те поздрават со бакнеж. А сепак, ниту еден од македонците досега не ја уживал таа чест.“

Александар Македонски го прекинал старешината:

"Но, сите вас, без исклучок, ве сметам за мои сродници, а отсега натаму така и ќе ве нарекувам".

Сите недоразбирања биле надминати. И како во моментот на богослужба, кога секој се врти кон своите соседи, се ракува и изустува: "мир", сите војници се ракувале, се потупнале по рамо или ги прегрнале своите другари, без оглед на нивната националност.

После походот во Индија


Патувајќи за Суса, Александар Македонски открил дека многу од неговите сатрапи и воени управници лошо се однесувале во негово отсyство и казнил со смрт извесен број од нив за пример. Во знак на благодарност, ги платил долговите кон војниците, и објавил дека ќе ги испрати постарите и осакатените ветерани назад во Македонија под водство на Кратер. Но, војската не ги разбрала неговите намери и се побунила во градот Опис, одбивајќи да биде испратена назад и критикувајќи ги неговите новоусвоени персиски обичаи, како и воведувањето на персиски офицери и војници во војската.

„ Потоа Александар Македонски, неспособен повеќе да го задржи својот гнев скокна на нозе и фрли едно од јаболките кои лежеа на масата кон Клитo и го погоди, а потоа почна да го бара својот меч. Но еден од неговите телохранители, Аристофан, го сокри пред тој да може да го дофати, а останатите го обиколија и го молеа да се воздржи, кога тој наеднаш скокна на нозе и извика на македонски јазик да се соберат трупите на сребренитe копја - неговитe телохранители (а ова беше знак на голема вознемиреност) и му нареди на трубачот да затруби и го удри со тупаница бидејќи овој се колебаше и не сакаше да го стори тоа. Овој човек подоцна го гледаа со голема почит, бидејќи само поради него кампот не го зафати метеж.
Но Клитo не се предаваше и со голема врева неговите пријатели го истуркаа од салата. Но, тој се обиде да влезе од друга врата и многу храбро и со презир ги изрецитира следните стихови од Андромаха на Еврипид:

„Ах какви лоши обичаи сега владеат во Елада!„

И така конечно, Александар Македонски успеа да дофати едно копје од еден од неговите телохранители, го фрли кон Клитo додека тој ја тргаше завесата на вратата и го прободе.“

Појаснување: Цитатот од Еврипид е всушност дофрлање и провокација кон Александар Македонски и македонската гарда. Со цитатот од Еврипид, Клитус сакал да посочи на лошите обичаи кои ги наметнале новите владетели на Елада - македонците.

Битката кај Хидасп


Битката кај реката Хидасп се одиграла 326-та година п.н.е. помеѓу војската на Александар Македонски и војската на индискиот крал Пор (Пурурава) крај реката Хидасп (денешна река Џелум) во регионот Пенџаб. Кралството на Пор се протегало во делот од стара Индија кој денес припаѓа на Пакистан. Оваа битка бил последниот покрупен судир на Александар Македонски. Иако во битката македонската војска победила, поради истоштеност одбила да оди подлабоко во Индија и покрај желбата на нивниот војсководец, Александар Македонски.
Македонци, персиски и индиски сојузници под воство на Александар Македонски со околу 4000 коњица и 50000 пешадија и 2700 војска под водство на Кратер, кои играле диверзиона улога. Пор со 200 бојни слонови, 6000 коњица и 30000 пешадија. Битката се одвивала на источниот брег на реката Хидасп, (денешен Џелум која е притока на реката Инд) близу денешните места Лила и Бора во Пакистан.

Влaдeтeлот Пор на Хидасп се сместил на левата страна од реката за да ги спречи преминувањата на истата. Реката Хидасп е доволно длабока и брза за да го однесе секој што сака да ја премине. Затоа Александар Македонски почекал неколку дена, со многу маршеви и контрамаршеви како и информациска војна (со тоа што им „дал на знаење“ на мештаните дека смета дека реката е премногу длабока за преминување, факт кој го дознал од Пор). Една ноќ, кога осетил благосостојба во кампот на Пор, Александар Македонски собрал мала војска и ја преминал реката 17 километри низводно. Бидејќи ја гледал главната војска со Кратер сe уште пред него, Пор пратил само малку војска да се соочи со нападот. Меѓутоа тој погрешно проценил и војската била убиена заедно со неговиот син.

Кога битката подоцна почнала, александровата коњица била сместена на десното крило, но Александар Македонски пратил група коњаници да ги заобиколи индијците и да ги нападне одзади. Индијците имале коњица на двете крила, бојни слонови напред и пешадија позади слоновите. Овие бојни слонови ја правеле ситуацијата многу тешка за Александар Македонски. Речиси сите негови победи се должеле на неговата способност да го раздвои непријателот и да јуриша со неговите коњички придружници низ отворот. Меѓутоа слоновите ги уплашувале македонските коњи. Тогаш Александар Македонски морал да ја промени неговата стратегија.



Битката кај Хидасп - Преминување на реката и измамување на индијците


Александар Македонски ја започнал битката со вообичаениот јуриш на десното крило (лево на индијците) со предвидливи резултати, индиското лево крило ослабело и Пор ја зајакнал таа страна со коњица од десното крило. Ова ги оставило индиските коњаници без никој да ги брани од опколниот напад одзади. Александар Македонски го сакал токму ова. Тој ја уништил индиската коњица без да ги доближува неговите коњи до слоновите. Доколку индиската коњица не би била уништена, таа сигурно би претставувала закана за фалангата подоцна во битката и македонската коњаница не би можела да ја поддржува пешадијата во борбата против индиската коњица заради близината на слоновите.
Во меѓувреме, македонската фаланга и персиската пешадија трнале напред за да го пречекаат јуришот на слоновите, кој бил запрен, иако со тешки последици за пешадијата. Махутите на слоновите биле убиени, а некои биле повредени, така што војската на Александар Македонски успеала да ја обиколи индиската војска. По загубата на огромен број животи, Пор, кој бил ранет во борбата, се предал.

Пор бил еден од многуте индијци кои го импресионирале Александар Македонски. Погоден од најмалку шест стрели во битката, но сe уште на нозе, тој бил запрашан од Александар „Како би сакал да биде третиран“, а одговорот бил: „какo владетел“, така од тогаш и се однесувле македонците со Пор. Пор бил висок речиси 210 сантиметри.




Битката кај Хидасп - Комбиниран напад


Тешко е да се измерат жртвите, но се знае дека индијците ја изгубиле целата своја коњица, голем дел од пешадијата и преку 100 бојни слонови. Македонците фатиле 80 слона, но изгубиле многу пешадија во битката. Коњицата имала многу помалку жртви. Историчарот Питер Грин вели дека Александар Македонски изгубил дури 4000 војници, главно фаланга. Тие биле оние кои морале да се соочат со слоновите бидејќи коњите не сакале ни да се доближат.
Храброста и војните вештини на Пор го импресионирале Александар Македонски. И покрај тоа што Пор бил поразен, Александар Македонски му го поштедил животот и го поставил за повторен владетел на Хидасп во негово име. Ова била најдалечната точка кај што Александар Македонски стигнал заради одбивањето на неговата војска да оди напред не само заради тоа што била истоштена, туку и заради тоа што за прв пат го увидела вистинскиот начин на употреба на слонови во битка. Дариј пред тоа употребувал слонови во битка, но тие не играле значајна улога. Тука фалангата за прв пат се соочила со јуриш на слонови и чудо е што воопшто успеала да ги одбие заради огромниот психолошки ефект што тие го имале врз војниците.
Иако Александар Македонски успеал да ја освои само северо-западна Индија, неговиот поход извршил големо влијание. Со тоа што ги победил опасните локални властелини во Хиндукуш и соседните региони, тој го подготвил теренот за идната Маурска империја, втората империја која успеала да ја освои цела Индија.
Kако резултат на оваа битка Александар Македонски основал два града, Никеја (Победа) на местото на денешен Џалапур и Букефалија (веројатно) на местото на денешна Бера, Пакистан. Букефал бил коњот на Александар Македонски, кој загинал или во битката, или подоцна од старост и истоштеност.

Источно од кралството на Пор, близу до реката Ганг, се наоѓалa моќноcтa на Магада под владение на династијата Нанда. Стравувајќи од судир со уште една моќна индиска војска, изморена од повеќегодишните воени походи, војската на Александар Македонски запира кај реката Биас, одбивајќи да маршира понатаму кон исток. Така оваа река ја означува и границата до каде војската на Александар продрела на исток.
После битката со Пор, моралот на војската на Александар Македонски опаднал за понатамошни походи. А покрај се, тие требало да се соочат со далеку помоќен непријател. Војската на Александар Македонски имала на располагање околу 20 илјади пешадија и околу две илјади коњаници. Војската отворено се спротиставила на инсистирањето на Александар да ја преминат и реката Ганг, која била широка, како што тие слушнале, 6.5 километри (32 фурлонга), со длабочина од 183 метри (100 фатоми). А пак од другата страна на реката ги чекала силна армија од добро вооружени и воинствени пешадијци, коњаници и слонови.
Некои извори дури велат дека кралевите на Гандерит и Праеши ги чекале со армија од 8 илјади коњаници, двесте илјади пешадија, 8 илјади борбени кочии, и 6 илјади борбени слонови. (Плутарх, Вита Александри, 62.)

-------------------------------------------------------

Bојниците, одлучиле да не го следат натаму во конечното освојување на Индија и посакале да се вратат во своите домови. Меѓутоа, никој од нив отпрвин не се осмелувал да му го соопшти тоа. Александар сфатил што се случува, ги повикал на состанок своите офицери и им одржал говор во кој ги потсетил за сите достигнувања што ги добиле со походот против Персија.

Коен бил еден од најдоверливите генерали на Александар Македонски. Годината на неговото раѓање е непозната, но се смета дека починал во 326-та година п.н.е.. Тој го придружувал Александар за време на походот во Азија, со тоа што есента 334 година п.н.е. се вратил во Македонија заедно со други војници и офицери кои добиле одмор, по што пак се придружил на македонската војска (во малоазискиот Гордиум). Тоа било пролетта 333 година п.н.е.. Потоа учествувал како командант на пешадијата и фалангата во најзначајните битки на Александар. Сепак, во пишаните извори Коен останал запаметен по својот говор што го одржал пред Александар и кој во голема мера е зачуван од страна на историчарот Аријан.

По овој негов говор офицерите долго молчеле, а потоа Коен, собрал храброст и му се обратил. Коен му рекол на Александар дека офицерите се преблагодарни и задоволни од она што досега го постигнале и добиле од својот владетел, но дека сепак дошло време да се стави крај на натамошните напредувања. Меѓу другото Коен рекол:

„Вие го знаете бројот на македонците кои го почнаа ова освојување, а можете да видите и самиот колку останаа денес. Тесалијците ги испративте дома од Бактрија, бидејќи знаевте дека нивните срца не се повеќе внесени во оваа работа. Овде вие мудро постапивте.
Други беа населени во новите градови што ги основавте во кои тие останаа не сосема по своја желба.
Останатите, заедно со нашите македонци, останаа да ги споделуваат опасностите и тешкотиите на војната. Некои од нив беа убиени, а некои онеспособени заради тешките ранувања, при што беа оставени во разни делови на Азија, каде мнозина од нив умреа заради болест. И така само неколкумина останаа од големата армија, главно со нарушено здравје. Нивната виталност и решителност исчезнаа. Секој од нив сака да си ги види родителите повторно ако се уште живи или своите жена и деца. Сите тие копнеат по семеен живот и дом, надевајќи се дека нема да живеат веќе во сиромаштија и оскудност, туку славни и богати со богатството што Вие им го обезбедивте.
Не обидувајте се да водите луѓе кои немаат веќе волја да Ве следат. Ако нивните срца не се внесени во тоа никогаш во нив нема да го најдете стариот дух и старата храброст. Поарно посветете се на враќање кај Вашата мајка и дом. .. А потоа, ако посакате, повторно можете да превземете експедиција против Индијците на исток или, ако сакате, кон Црното Море или кон Картагина и либиските територии.
Ваше е да одлучите. Други единици на македонци ќе Ве следат - млади и свежи единици ќе ги заменат Вашите ветерани.“

(Аријан, цит. дело, стр. 292 - 298).

Коен на крајот укажал дека секој треба да знае кога да запре со некоја работа. Присутните офицери му аплаудирале, а Александар разочаран им рекол дека оној што сака, може да си оди дома. Потоа, како што е познато, Александар налутен се повлекол во својот шатор потајно надевајќи се дека офицерите ќе се предомислат. Но, откако тоа не се случило, тој ги известил офицерите дека одлучил војската да престане со освојувањата и да се врати назад.
И овој говор на Коен, Аријан го превзел од изгубената историја на Птолемеј.

Александар Македонски, после состанокот со неговиот офицер Коен, бил убеден дека е подобро да се откажат од понатамошни походи и да се вратат назад.

Александар бил приморан да сврти на југ. На патот кон југ војската се судрила со кланот Мали, (во денешно време Мултан). Кланот Мали бил еден од највоинствените кланови во Индија во тој период. Но војската на Александар Македонски после жестоките битки го покорува кланот Мали. Во едeн од налетите на утврдувањата Александар Македонски бил сериозно ранет од стрела. Неговата војска, мислејќи дека нивниот владетел е мртов, ја завземаат тврдината и го искажуваат нивниот бес на заробениците. После ова, Мали бил окупиран од војската на Александар Македонски, а главницата продолжила со движење.

Тука Роксана на Александар раѓа и син, но за жал мртов.

Поголемиот дел од својата армија Александар Македонски ја насочува кон Карманиа (во денешно време јужниот дел на Иран) на чело со генералот Кратер, а еден дел гради флота за да го истражи Персискиот залив под водство на адмиралот Неархo, додека со останатиот дел од војската се враќа назад во Персија по јужната рута низ пустината Гедрозија (во денешно време дел од јужен Иран и Макран во јужен Пакистан).
Александар Македонски дел од своите сили оставил во Индија. На територијата на Индус, тој го номинирал неговиот офицер Пејтон како сатрап, позиција која тој ја задржал следните десет години се до 316 година п.н.е., а во Пенџаб тој го оставил Еумен како командат на војската под владение на Пор и Таџили. Еумен станува господар на Пенџаб после смртта на овие двајца. И двајцата владетели (Пејтон и Еумен) се враќаат на запад во 316 година п.н.е. со нивната војска, а на нивно место Чандрагупта Мауриа го формира Царството Мауриа во Индија.

Освојувањето на Северна Индија


Александар Македонски го продолжува освојувањето во местото Kалаш (денес позната како земја на неверниците) и Хунза. Ги остава старите, болните и ранетите војници и мал дел од војската заедно со благајник.

Александар Македонски ги зацврстува своите нови позиции во Централна Азија. Во 326-та година п.н.е. Александар Македонски конечно е подготвен да се посвети на освојувањето на Индија. Александар Македонски ги повикува сите водачи на племињата од Гандара, територија на север од денешен Пакистан, да му се покорат и да тргнат со него. Амби, владетелот на Таџила, чие кралство се простирало од Индус до Џелум, така и направил. Но водачите на некои кланови, како на пример Асапсиос и Асакеноис, познати во Индиските текстови како Ашвајани и Ашвакајани (имињата асоцираат на природата на нивните заедници, во Санскритскиот јазик Ашва значи коњ), одбиле да се покорат.

Александар Македонски лично ја преземал командата над штитоносците, пешадијата, стрелците, агријанците и коњаниците, и со нив тргнал во напад на кланот Аспасиос во долините Алишанг и Гуреа, како и на кланот Асакеноис во долините Сват и Бунер. Според современите историчари, било доста тешко за Александар Македонски да ги покори овие племиња, меѓу кои племињата Масага и Аорну дале силен отпор. Посебно драматични биле борбите со кланот Аспасиос, во кои Александар Македонски бил ранет во рамото со копје, но сепак кланот ја загубил битката. 40000 воини биле заробени. Асакеноисите му се спротивставиле на Александар Македонски со армија од 30000 борбени кочии, 38000 пешадија и 30 слонови. Тие се бореле храбро и пружиле силен отпор во многу утврдени места како што биле градовите Ора, Базира и Масага. За да се скрши жестокиот отпор кај утврдувањето Масага биле потребни неколку дена жестока и крвава битка во која Александар Македонски бил сериозно ранет во потколеницата.

Кога поглаварот на Масага загинал во битката, командата над неговата војска ја превземала неговата мајка Клеофис, која исто така била цврсто решена да ја брани својата татковина до последниот здив. Примерот со Клеофис кажува дека во битката исто така била вклучена и женската популација на утврдувањето. Александар Македонски за да ја совлада Масага морал постојано да врши дотур на свежа војска со цел да го одржи моралот на својата војска. Според Куртис, Александар Македонски не само што ја уништил војската и останатите жители на Масага, тој исто така го разрушил до темел и го пеплосал градот. На сличен начин својот бес подоцна Александар Македонски го искажал и на Ора, следното упориште на Асакеносите.

При крајот на битките кои ги водел Александар Македонски во Масага и Ора, голем број на Акакеносите се префрлиле во утврдувањето високо во планините, наречено Аорнос. Александар Македонски постојано бил зад петици на овие трупи. Само после четири-дневна крвава битка, Александар Македонски го завземал и ова утврдување кое се сметало за неосвоиво. Пустошења како во Масага се повториле и во Аорнос.

Hа карпите на местото „Хас Рати Султан“, високо околу 4500 метри, а последните 1000 метри било многу стрмно и непристапно, таму непријателите мислеле дека биле безбедни, така што му праќаат едена порака на Александар велејќи: „Само ако можеш да леташ, ќе можеш да го заземеш местото.“
Но, 300 доброволци успеале да се искачат на тоа место и од зад грб да ги нападнат. После тоа Александар Македонски му рекол на локалниот водач: „Гледаш дека јас имам крилја да летам, па ве освоив.“

Сисикотос, кој му помогнал на Александар Македонски во овие битки, подоцна бил назначен за владетел на Аорнус. Диодор соопштува, дека Александар ја разделил армијата на три дела. На чело на едниот дел тој го поставил Птоломеј, каде му наложил да го пустоши крајбрежјето. Леонит за истата цел, го испраќа во подножјето на планинскиот регион кој постанал рушевина. Пламнале пожари, биле извршени грабежи и убиства, бројот на жртвите се проценува на повеќе од десет илјади луѓе. Се чини дека оние кои се бореле во близината на Норилск зачувале многу “воени” топоними: реката Батајка и нејзината област кај месноста Војнар, реката Убојна, р’тот Оружило, реката Могилна и Покојница. Самиот Енисеј бил наречен Крвава река, исто како и северниот Гдански полуостров наречен Крвава земја. Кај Јустин може да прочитата дека на деветиот ден на нападот на Масагите, кралицата Клеопида сфатила дека градот не можел да се одржи. За да го спаси народот самата му се предала на Александар. Синот од него, таа го нарекла исто така Александар.

Откако го совладал Аорнус, Александар Македонски ја преминал реката Инд и влетал во епската битка против Пор, владател на територијата Пенџаб во битката кај Хидасп во 326-та година п.н.е.

По конечниот пораз на Ахеменидската империја под водство на Бес и Спитамен во 328-ма година п.н.е., Александар Македонски почнал со походи на разните индиски кралеви. Според некои извори, Александар Македонски имал 120000 војска, додека според други војската не броела повеќе од 35000 војници, од кои коњицата била една третина.

Главниот багажен караван поминал преку Киберскиот премин, но помала група војници под команда на Александар Македонски преминале преку север, освојувајќи ја тврдината кај Орно (денешен Пир-Сар, Пакистан) по пат. Во раната пролет следната година, ги соединил своите сили и се сојузил со Таксил (познат и као Амби), кој бил крал на Таксила, против неговиот сосед, кралот на Хидасп.

Предавството на Филота


Македонските генерали најмногу биле незадоволни кога Aлександар Македонски регрутирал персјанци во македонската фаланга. Филота, синот на Парменио, дури пробал и да го отруе, но бил откриен и суден заедно со неговите соработници.

Дел од судењето е забележано:

Александар Македонски најпрво го погледна Филота и рече: „Македонците решија да те судат. Те прашувам, сакаш ли да зборуваш со нив на мајчиниот јазик (македонскиот)?“

Филота одговори: „Освен Македонците, тука има многу други сведоци, кои ми се чини полесно ќе ги разберат моите зборови, ако се послужам со (axajcки) истиот јазик, на кој ти што туку проговори, кое ти го направи, мислам, само затоа, за да можат говорот повеќе луѓе да ти го разберат.“

Потоа, Александар Македонски рече: „Гледате ли, Филота си го мрази татковиот (македонски) јазик, зашто тој самиот се откажува да се изразува на него. Но тој може да говори како сака, вие, да знаете дека тој се оддалечил како од нашите (македонски) обичаи, така и од нашиот јазик.“

(Курциус Руфус, 6, c.36).


Филота бил осуден на смрт заедно со татко му Парменио, иако отсутен, во тогашно време се сметало кај македонците дека таткото е одговорен за постапките на својот син. Парменио бил убиен од Kлито.

Портите на Персија


Во еден премин, тесна клисура на патот кон Персеполис, војската на Александар Македонски била нападната од персијците под водство на генералот Ариeл Барзанес. На врвовите на клисурата, кај местото Нарос длабоко во преминот, фрлале со камења врз македонските војници така што тие биле принудени моментално да се повлечат за да се реорганизираат. Ова е прв пат македонската фаланга под водство на Александар Македонски да се повлекува во битка. Персијците биле многу горди за овој потфат.
Битката уште е во сеќавање на локалната популација во тој регион. Александар Македонски не е сакан од Персијците, што е и нормално. Мајките таму и ден денешен ги плашат децата ако не слушале - „Ќе дојдел Александар да ги земе“.

Aлександар Македонски бил многу лут зошто не ја забележал cтапицата. Од локалните затвореници изнудил информации за друг премин со име Ариел, така што на тој начин можел да ги заобиколи перcијците и од зад грб да ги нападне. Во 9 навечер наредил на армијата да го помине тој премин под најголема тајност и тишина. Kога стигнале на врвот на 7-8000 метри имало една чистина каде се одмориле. И испланирале околу полноќ: 3 пешадиски бригади: Аминта, Филота И Коен, под команда на Кратер, требало да се вратат на преодот каде биле персијците од каде нападнале првиот пат и да нападнат од таму. Александар Македонски со коњаницата, една пешадиска бригада и стрелци од позади персијците требало да ги нападнат. Биле околу 5-6000. 3000 под команда на генерал Птоломеј останале како резерва. Тоа биле Cребрените Kопја, телохранителите на Александар Македонски.
Така организирани почнале да се приближуваат кон персијците. Било многу темно и студено, а имало и снег. Некои oд младите војници дури и плачелe, ама билe храбрени од постарите. Персијанците биле опколени и биле победени, а на персискиот предавник Aлександар Македонски му дал 40 таленти од злато.

Потоа побрзал кон Персеполис пред неговата војска, таму заробиле 4000 тони злато. За време на нивниот престој во градот, избил пожар во палатата на Ксеркс и се проширил низ остатокот од градот. По освојувањето на Персеполис, Александар Македонски ја продолжил потерата по Дариj. До тогаш, персискиот владетел веќе бил заробен од Бес, неговиот Бактријски сатрап и сонародник. Додека Александар Македонски наближувал, Бес наредил да го убијат Дариј, а потоа се прогласил за негов наследник под името Артаксеркс Петти и се повлекол во централна Азија од каде организирал герилски напади против Александар Македонски.

Hа местото: Герд Аб - „Каде има вода за пиење“, Дариј бил смртно ранет од Бес. Бил пронајден од македонските извидници завиткан во една покривка во крв. Дариј оставил порака во која го замолил Александар Македонски да се грижи за неговата фамилија со чест. Александар Македонски на Дариј му приредува раскошен закоп како што доликува на еден владетел.


Буната во Атина и распуштање на војниците од Коринтската Лига од Александровата Македонска Фаланга


Во моментите кога се одело во најдобар ред, Александар Македонски добил вести од Македонија. Aтињаните се побуниле поддржани од Спартанците. Александар веднаш му пратил пари на Антипатар, кој во тоа време бил во Тракија. Со парите собрал војска и ги поразил здружените атињани и спартанци. При тоа загубил 4000 македонски воjници додека го убил спартанскиот aнax-крал Агис Трети и 5000 атино-спартански војници, со тоа ги ставил пак под контрола.

На веста за победата на Антипатар, Aлександар Македонски дал наредба да се распуштат војниците од Коринтската Лига во служба кај него, но им дозволил на доброволците да останат како платеници.

Неговата понатамошна тригодишна воена кампања, прво против Бес, а потоа и против Спитамен, сатрап од Согдијана, го одвела Александар Македонски низ повеќе делови на денешен Авганистан и Таџикистан. Притоа, формирал повеќе градови со името Александрија, од кои некои постојат и денес, на пример Кандахар во Авганистан и Хуџанат во Таџикистан. Во тие походи, неговите противници биле поразени, Бес во 329-та, а Спитамен во 328-ма година п.н.е.


Освета кон потомците на предавниците


Гонејки ги неговите непријатели во Узбекистан и на патот кон Самаркан се случило чуднa работа. Некаде по тие ридови во едно градче Бранкадл, Александар Македонски со фалангата наишoл на мал град со луѓе cо европска физиономија, а и кои зборувале јонски. Hивните предци живееле на источната приморска зона на Егејското море - Јонија. Потомците на овие луѓе биле свештеници на храмот од Дидеми, a нивните предци пред 150 години биле соработници со персијанците, кога Македонија била под Персиска окупација.

Следното утро, Александар Македонски дошол со дел од македонската фалангa во градчето преправајќи се дека бил пријателски настроен. Наскоро започнал колеж, се додека не бил убиен и последниот од нив, македонците срамниле и запалиле се, дури и гробовите на мртвите.


Бракот со Роксана


Во 329-та година п.н.е. Александар ја зема за жена Бактриската принцеза Роксана - Рошанак на Бактриски. Таа била ќерка на локалниот водач. Александар Македонски се вљубил во неа и ја земал за жена. Дел од македонските генерали биле протв тоа, па затоа Александар Македонски го праќа Парменио во Вавилон да се грижи за позадината.

Битката кај Гавгамела



Битката кај Гавгамела бил вооружен судир во 331-та година п.н.е. каде Александар Македонски - Македонија го поразил Дариј Трети - Персија. Битката исто така се нарекува и како Битката кај Арабела.

Според Аријан, македонци и сојузници под водство на Александар броеле 7250 коњаница и 40000 пешадија. Персијци под водство на Дариј веројатно со 20000 главно тешка коњаница, 230000 пешадија (вклучувајќи околи 10000 јонски платеници). Вистинскот број на персијците не е утврден, но се знае дека биле многу побројни од македонците.
Персијците биле на бојното поле уште пред самата битка да започне. Дариј ја регрутирал најдобрата коњаница од неговите сатрапии и од сојузничкото скитско племе. Дариј исто така ги спремил српните двоколки за кои имал приготвено чист терен пред неговите трупи. Исто така Дариј имал 50 индиски бојни слонови со поддршка на индиски двоколки, иако тие не играле никаква улога во битката. Пред битката, Дариј наредил да се искорне секаква вегетација на бојното поле за да може што подобро да оперира со српните двоколки.
Самиот Дариј стоел во средина заедно со најдобрата пешадија, по персискиот кралски обичај. Тој бил опкружен, десно, од каријска коњица, јонски платеници и персиска коњичка гарда. Меѓу центарот и средината ја поставил неговата пешадиска гарда (Јаболконосачи или Бесмртници), индиската коњица и неговите мардиски стрелци.
На двете крила била коњицата. Бес го командувал левото крило со бактријанците, дахајската коњица, арахрозијската коњица, персиската коњица, сузиската коњица, кадузијската коњица и скитите. Двоколките биле сместени напред заедно со мала група бактријци.
Мазеј го командувал десното крило со сиријската, медијската, месопотамиската, партијанската, сакијанската, тапуријанската, xирканијанската, албанската, сакезијската, кападокијанската и ерменската коњица. Кападокијците и Ерменците биле сместени во преден план и го воделе нападот. Албанската и сакезијската коњица биле пратени да го обиколат македонското лево крило.

Македонците биле поделени на два дела, со десното крило под директна команда на Александар Македонски, а левото на Парменион. Александар Македонски се борел со своите коњички придружници. Со нив биле пајонците и лесната коњица на Александар Македонски. Платеничката коњица била исто така поделена на две групи, со ветераните на десното крило, а остатокот од нив пред агријанците и македонските стрелци кои се наоѓале непосредно покрај фалангата. Парменион се наоѓал лево со тесалците, платеници и тракиските коњички единици. Тие биле наменети да го задржуваат непријателот додека Александар Македонски го задава решавачкиот удар десно.



Битката кај Гавгамела - Првични позиции и движења


Меѓу десната страна и центарот биле критски платеници. Зад нив била група од тесалски коњаници под команда на Филип како и платеници. Десно од нив бил друг дел од сојузничката коњица. Таму била и фалангата која била позиционирана во двојна линија. Заради тоа што биле бројно надминати 5:1 во коњица, и персиската линија била за 1.5 километар подолга од македонската, изгледало неизбежно дека македонците ќе бидат заобиколени од Персијците. Вториот ред фаланга имал за задача да се справи со оваа ситуација ако тоа се случи. Оваа втора линија се состоела главно од платеници.

За време на битката Александар Македонски употребил толку уникатна стратегија која само неколкумина во светската историја можеле да ја повторат. Неговиот план бил да повлече што повеќе персиска коњица на крилата. Овој план имал за цел да направи отвор во непријателската линија каде подоцна би се задал решавачки удар кај Дариј во центарот. За ова бил потребен речиси совршен тајминг и маневрирање како и условот дека Дариј требал да изделува прв.

Македонците нападнале со крилата свиткани наназад под агол од 45° за да ја намамат периската коњица да нападне. Истовремено полека крилата се придвижувале кон десно. Александар Македонски го натeрал Дариј да нападне и набрзо неговата војска се поместила од подготвениот терен, иако Дариј не сакал да нападне прв откога видел што се случило во ваква слична ситуација кај Ис. На крајот Дариј бил принудeн да нападне.

Сега Дариј наредил напад на двоколките. Некои од нив биле пресретнати од агријанците. Меѓутоа, македонската војска имала извежбана тактика за соочување со овие смртоносни направи. Првите линии се поттргнале, отворајќи процеп. Коњите одбииле да се втрчаат во копјата на првите редови и се фатиле во т.н. „стапица за глувци“, каде што биле запрени со копјата од задните редови. Потоа возачите биле лесно убиени. Двоколките биле бескорисни.

Како што персијците оделе се понапред и понапред во македонските крила, Александар Македонски полека ја исфилтрирал неговата гарда позади. Персијците го направиле истото, додека не се отворила празнина помеѓу левата страна на Бес и центарот на Дариј, кога Александар Македонски ги пратил своите последни коњички резерви против нив. Александар Македонски ги отповикал своите придружници и се подготвил за решавачкиот напад против персијците. Под негово водство, тој ги групирал своите единици во форма на гигантски клин, со самиот Александар Македонски на врвот од него. Позади него била бригада од неговата гарда и батаљони од фалангата кои успеал да ги извлече од битка. Овие биле лесни, проследни трупи.
Овој голем клин се судрил директно со ослабениот персиски центар, масакрирајќи ја кралската гарда на Дариј и јонскате платеници. Бес од левата страна сега бил отсечен од Дариј и плашејки се дека и тој би бил нападнат од овој клин почнал да се повлекува. Самиот Дариј бил во опасност да биде отсечен, и тука има неколку различни верзии на она што потоа се случило. Според речиси сите верзии, Дариј почнал да бега и остатокот од неговата војска исто така. Меѓутоа единствениот зачуван документ од тоа време вели дека војската сама почнала да бега.



Битката кај Гавгамела - Решавачки потег и финален напад


По битката, Парменион го обиколил персискиот багажен караван, додека Александар Македонски и неговите телохранители го гонеле Дариј со надеж дека ќе го фатат. Како и кај Ис, така и во оваа битка пленот од грабежот бил огромен. Биле фатени 4000 таленти, како и личната двоколка и лак на Дариј. Исто така биле фатени и бојните слонови. Дариј успеал да избега од битката со мала група на војници. Бактријската коњица и Бес, успеале да го стигнат. Некои преживеани од кралската гарда и 2000 јонски платеници исто така им се придружиле.

Сега Персиската империја била поделена на две половини – Источна и Западна. Александар Македонски се прогласил за Големиот Господар (титулата на Дариј).

При своето бегство, Дариј одржал говор пред остатокот од неговата војска. Тој планирал да оди источно и да регрутира нова војска за напад врз Александар Македонски, додека тој одел накај Вавилон. Истовремено Дариј пратил писма до неговите источни сатрапии во кои тој побарал од нив да му останат верни. Повторно Дариј бил принуден да побегне од бојното поле, но овојпат Александар Македонски го следел до Арбела, откаде овој пребегнал во Екбатана. По оваа битка, Александар Македонски бил крунисан за владетел на Азија во Арабела, „по милост Божја“, што било азиски (персиски) обичај. Потоа Александар Македонски тргнал кон Вавилон.

Од Вавилон, Александар Македонски се упатил во Суса, еден од главните градови на Персија, и го освоил неговото легендарно богатство. Испраќајќи ја главнината од својата војска кон главниот град на Персија Персеполис, Александар Македонски ги нападнал и освоил Портите на Персија (денес планината Загрос).

Поход на Египет


Во Александровите походи на исток учествувала и пајонската лесна коњаница предводена од Аристон. Притоа, Александар Македонски и неговата војска насекаде биле пречекувани како ослободители од страна на покорените народи под персиска власт.

Во 332 година п.н.е. Александар го ставил Хефестион како командант на неговата флота, кој имал за задача да го прати од море во Газа. Задачата не била лесна, бидејќи флотата билa составена од разни народи. Во Газа при опсадата требало да се истоварат машините за опcада, а теренот бил многу тежок.

Плутарх пишува:

Во тој момент Александар добил вести од Атина дека атињаните и спартанците се кренале на бунт, Александар му напишал за тоа. Така Хефестион бил пратен да изврши една извидница. Хефестион се сретнал со Аристо да договори мир меѓу Александар и Демостен и спартанскиот aвaxтo Агис Трети. Тие биле добро наклонети за оваа идеjа и времено Хефестион ги спасил македонските интереси во градовите држави.

По завземањето на градот Тир (или Сидон) во 332 година п.н.е. и Газа, бил отворен патот кон Египет. Притоа, градовите во Феникија, Палестина и Египет без борба ги отварале своите врати и го прогласувале Александар Македонски за свој владетел. Како вешт политичар, во Египет тој го посетил храмот на богот на Сонцето Амон Ра, ги придобил свештениците угнетувани од персиската власт, па тие го прогласиле за син на нивниот врховен бог и фараон.

Неговиот војсководач Парменион му предлагал на Александар Македонски да ги прекрати натамошните воени походи, но тој бил цврсто решен конечно да ја уништи големата персиска држава.

Во 332-та и следнатa 331-ва година п.н.е., Александар Македонски бил добредојден како ослободител на Египет, кој до тогаш бил окупиран од Персија. Бил прогласен за син на Амон Ра - египетски бог на сонцето, од египетските свештеници во пророчиштето во оазата Шива во Либијската пустина. Оттогаш, Александар Македонски често се повикувал на Амон како на свој татко, а неговата слика на кованите пари била со биковски рогови како симбол на божественоста. Ја основал Александрија во Египет, која подоцна, по неговата смрт, станала напреден главен град на Птолoмејската династија.

За време на двете години по битката кај Ис, Александар Македонски продолжил со окупација на Медитеранскиот брег и Египет. Потоа од Сирија тргнал накај срцето на Персиската империја. Таму ги преминал Еуфрат и Тигар без да наиде на каков било отпор.

Напуштајќи го Египет, Александар Македонски продолжил кон Асирија и на 01.10.331 година п.н.е. го победил Дариј уште еднаш во Битка кај Гавгамела.

Опсада на Тир


Во 332 година п.н.е., Александар Македонски трнал да го освојува Тир, стратешка крајбрежна база. Бидејќи не бил во можност да јуриша на градот, Александар Македонски поставил блокада на Тир седум месеци, но Тир издржал. Тој го искористил шутот од напуштениот град на копното за изградба на насип и кога ѕидовите на островот биле во домет почнал да ги бомбардира со опсадна машинерија и конечно го пробил утврдувањето. Александар Македонски бил толку лут заради начинот на самоодбраната на тирците и загубата на неговите војници, што за казна срушил половина град. Сите 30000 жители биле масакрирани или продадени во ропство.
Hа крајот како ништо да не се случило отишол да се помоли во храмот на Херакле.


Писмото од Дариј


За време на опсадата, Александар Македонски примил писмо од кралот Дариј Трети со понуда за примирје. Тој понудил да плати откупнина за неговото семејство од 1000 таланти и му се заблагодарил на Александар Македонски за нивната благосостојба. Дариј исто така понудил да ги отстапи сите негови земји западно од реката Еуфрат и да создаде алијанса и пријателство кое би било во взаемен интерес.
Генералот Парменион го посоветувал Александар Македонски да ја прифати понудата. Тој му рекол на Александар Македонски: „Јас би прифатил, да бев Александар.“ Александар Македонски на тоа одговорил: „И јас, да бев Парменион!“

Како одговор на писмото од Дариј, Александар Македонски одговорил:

„Вашите предци извршија инвазија на Македонија и така ни наштетија без ние први да им наштетиме. Јас сум назначен за главен командант на македонците и другите, преминав во Азија со цел да ги казнам персијците, бидејќи вие сте агресори. Вие го поддржувавте Перинт, кој му наштети на татко ми, и прати војска во Тракија, која беше под наша власт. Татко ми умре од раката на заговорниците нарачани од Вас, како што и самиот се фалевте на сите во Вашите писма; Вие го убивте Арс со помошта на Багоа и се здобивте со тронот неправедно, спротивно на персиските обичаи, наштетувајќи им на персијците. Вие им пративте непријателски писма на сите за мене, за да ги втурнете во војна против мене и им пративте пари на спартанците, пари кои никој друг освен спартанците не би ги примил. Вашите пратеници ги расипуваа моите пријатели и се трудеа да го уништат мирот кој јас го воспоставив.
Затоа поведов експедиција против Вас и Вие ја почнавте расправијата. Но сега ги поразив сите Ваши сатрапи, како и Вас лично и Вашата војска и „по милост божја“ јас владеам со земјата. За сите кои се бореа на Ваша страна и не умреа во битка, туку дојдоа кај мене, јас сум лично одговорен. Tие не се на моја страна под принуда, туку учествуваат во експедицијата по своја волја. Затоа пријдете ми како на господар на сета Азија. Ако се плашите да не Ви направам нешто ако дојдете лично, пратете некои од Вашите пријатели за да Ве уверам. Дојдете кај мене и побарајте ја Вашата мајка, жена, деца. Ќе ги добиете. Побарајте и било што друго. Што и да успеете да ме убедите да Ви дадам, ќе биде Ваше.
Во иднина кога комуницирате со мене, ословувајте ме како Господар на Азија. Hе ми пишувајте како на еднаков, туку барајте што Ви треба од господарот на вашиот имот. Доколку не го направите тоа, ќе Ве третирам како грешник. Доколку сакате повторно да станете владетел, застанете на нозе и борете се за правото, не бегајте, бидејќи јас ќе Ве гонам кај и да сте.“

Кога Александар Македонски стигнал во Газа во Ерусалим, градот бил под опсада. На крајот македонците стигнале до светиот храм. Храмот бил опколен со еврејски војници на чело со еден стар свештеник со бела коса и брада кој во раката држел еден меч. Aлександар Македонски пришол до свештеникот, му се поклонил и ветил дека светиот храм ќе биде поштеден и ако сакал можел да ја шири еврејската вера по целата македонска империја. Македонските генерали зачудено го прашале Александар Македонски: „Kако е можно тој да се поклонува на еден старец?“

Александар Македонски одговорил: „На сон сонував дека овој старец ќе ми пророчи дека ќе ја освојам Персија.“

Свештеникот му рекол на Александар дека ќе му направи „Вечен споменик“, па така, една година сите еврејски деца што се родиле, ако биле машки го добиле името Александар, а ако биле женски, името Александра. Од тогаш евреите го славеле Александар Македонски како ослободител од Персијците.

Во 332 година п.н.е. Александар Македонски се обидел да ја освои Нубија, но наишол на силна воена формација предводена од кралицата Кандас, па решил да ги упати своите сили кон Египет.

По воената кампања околу заземањето на Милет, Александр Македонски имал потреба малку да ја одмори својата војска од напорните војувања, истовремено било потребно да се даде време ранетите и болните повторно да се вклучат во воените операции. Од тие причини, еден полк составен од изнемоштени и ранети војници бил пратен горе во Фригија каде што ранетите и болни македонци опкружени со бројните стада овци, боровите шуми и Фригите кои зборувале на нивниот македонски јазик, се чувствувале како дома во Македонија, што допринело истите мошне брзо да ги залечат раните и излечат болестите.

Имаме две информации, една автентична од Херодот и една пренесена од Харолд Ламб. И во двете информации недвосмислено се укажува на фактот дека Фригите потекнуваат од Македонија, каде се викале Бриги, а јазикот им е ист со јазикот на Македонците.

Херодот во “Историја, Полимија – книга 7, гл.73.”, има запишано:

„Фригите имале опрема мошне слична на пафлагонската, и тие многу малку се разликувале. На фригите, по кажувањето на македонците во времето додека живееле во Европа и биле соседи на македонците, им било име Бриги, а кога се преселиле во Азија, ги промениле во исто време и татковината и името и се нарекле фриги.
Eрмените биле наоружани исто како и фригите, затоа што се потомци на фригите. И двата овие народи ги предводел Артахмо, кој бил оженет со ќерката на Дарие.”

----------------

Александар Македонски, пак се упати кон Египет, каде што беше и порано и марширајќи од Газа на седмиот ден пристигна во Пелусиј во Египет. Неговата флота пловеше едновремено од феникија до Египет. И во Пелусиј ги најде закотвени корабите. Персиецот Масака, кој беше сатрап на Египет поставен од Дариј, кога разбра за настаните во битката кај Ис и за срамното бегство на Дариј, како и дека и Феникија и Сирија и голем дел од Арабија беа заземени од Александар Македонски, го прими пријателски Александар Македонски во градовите и во земјата. ..

.. Преку пустината стаса во Хелиопол. Оттаму ја премина реката (Нил) и пристигна во Мемфис. Од Мемфис заплови долж реката, удолу кон морето. Запре на местото токму каде што сега се наоѓа градот Александрија, наречен според Александар Македонски. И му се стори дека местото е многу убаво за да се изгради град и дека градот ќе биде напреден. И го обзеде жед за работа, самиот го постави основниот план за градот и каде треба да се постави агората, колку храмови треба да се изградат. Kаде треба да се постави околната ѕидина. ..

.. По ова, Александар Македонски го обзеде силна желба да го посети Амон во Либија. Александар Македонски се чувствуваше како некаков ривал на Персеј и на Херакле (Македон), зашто водеше потекло од обајцата; но исто така тој сметаше дека потекнува од Амон, како што митовите упатуваа дека и Персеј и Херакле потекнуваат од Cе. Токму со таква мисла се упати кон Амона, за да научи повеќе за себеси, или пак да каже дека навистина научил. ..

Штом настапи пролетта, Александар Македонски се упати од Mемфис во Феникија. .. Кога стаса во Тир откри дека флотата веќе го беше чекала за да го пресретне. ..

.. Самиот пак тој веќе се упати угоре кон Тампсак и кон реката Еуфрат. ..

.. Оттаму продолжи кон внатрешноста. Низ земјата што се нарекува Месопотамија. ..

.. Откако ја напушти Тигри, мина преку земјата Атурија. .. На четвртиот ден извидниците му јавија дека на полето се појавиле коњаници. .. Откако ја распореди војската, тргна како за битка. ..


Аријан, Александровата Анабаса..., кн.3, 2-3 , стр.70-75;

Битката кај Ис


333 година п.н.е.




Говорот на Александар на македонците и другите војници пред битката:

„На илирите, траките и другите војници давам злато како што немале никогаш. .. На македонците давам вечност.“


Војската на македонците и нивните сојузници, под водство на Александар Македонски, броела 5000 коњица и 26000 пешадија. Персијците од водство на Дариј Трети, Арсам, Реомитро, Атизиј, Бубак, Сабак со 30000 јонци - сонародници на атињаните од Мала Азија - платеници, 40000 пешадија (10000 бесмртници, персиските кралски телохранители - најелитната војска на Персија) и 20000 коњица.


Битката се војувала јужно од античкиот град Ис, близу денешниот град Искендерум, Турција, од двете страни на малата река Пинар (веројатно денешната река Пајас). Местото било прилично оддалечено од Искиот залив, а околните планини биле само на 2.6 километри раздалеченост, така што Дариј не можел да го употреби големиот број на неговите војници правилно.
Александар Македонски тргнал во поход на Азија во 334 година п.н.е. и ги поразил локалните персиски сатрапи во Битката кај Граник. Потоа тој продолжил со окупацијата на Мала Азија.
Додека Александар Македонски бил во Тарс разбрал дека Дариј собира огромна војска во Вавилон. Доколку Дариј сакал да дојде до Искиот залив, тој ја имал поддршката од адмиралот Фарнабаз, кој сеуште оперирал во Медитеранот, така што би го олеснил снабдувањето и би бил во можност да му се впушти на непријателот одзади. Александар Македонски ја држел својата главна војска во Тарс, но затоа го пратил Парменион напред за да го окупира крајбрежјето на Ис. Во ноември, Александар Македонски добил извештај дека големата персиска армија веќе навлегла во Сирија, во градот Сочи. Александар Македонски решил да ја прибере неговата раздвоена војска и да маршира јужно од Ис, преку Јоновата клисура.

Mногу современи историчари тврдат дека персиската пешадија била слабо вооружена, дека повеќе надбројната и до тогаш непобедена, страв и трепет за другите, персиската војска билa „детска игра“ за македонците, но тоа не е точно. Едноставно за супериорноста на македонците е дека македонската фаланга била совршено извежбана, високо мотивирани и што е најважно, водена од најспособниот војсководец во тоа време, македонскиот вaсилеос Александар Македонски. Додека персијците биле предводени од нивниот персиски владетел Дариј Трети, кој немал најверојатно никаква воена подготовка, го излагале дека бил полубог.

Дариј знаел дека Парменион ја држел клисурата и затоа се упатил северно. Персијците го зазеле Ис без проблем и ги убиле сите болни и ранети македонски војници кои останале таму. Сега Дариј разбрал дека успеал да дојде одзади на македонската војска и да ги прекрати набавките. Потоа тој ја наредил војската на добра одбранбена позиција долж реката Пинар и го чекал Александар Македонски да нападне.

Постојат различни мислења за причините за битката. Еден убедителен став врз основа на Куртиј е дека Дариј бил приморан да го премести логорот во терен кој му одговарал на Александар Македонски, заради тоа што македонците се бореле дефанзивно по препорака на Парменион. Дариј не можел да ја издржува војската за време на зимскиот период, а во неговите градови во Феникија веќе имало немири заради доаѓањето на Александар Македонски. Дариј бил принуден да ја премести неговата голема војска на еден рид на бојното поле, позиција која била во огромна корист на помалата војска на Александар Македонски.

Александар Македонски чекал Дариј да дојде јужно од планинскиот венец Аман, бидејќи преминот кој Дариј би го употребил, Беленскиот премин, бил многу поблиску до Сочи и давал најдобар пристап до територијата која Александар Македонски ја бранел. Александар Македонски чекал 16 километри западно од Беленскиот премин, кај Миријандер, за да му постави замка на Дариј кај Беленскиот премин или преку Јоновиот столб доколку одел северно, каде дариевата војска би била не организирана и расштркана во теснецот. Но Дариј се движел северно од Сочи и околу планините, доаѓајќи одзади александровата позиција и скратувајќи му ги комуникациските врски. Така Александар Македонски бил приморан да маршира кон Дариј, кој го фатил неспремен со голем крилен маневар. Ова ја дава илузијата дека Дариј играл дефанзивно, бидеќи Александар Македонски бил приморан да маршира кон него.

Македонците продолжиле преку Јоновиот столб. Александар Македонски и неговите коњички придружници биле на десното крило, а тесалската сојузна коњица на левото. Фалангата ја командувал Парменион.



Битката кај Ис - Првични позиции

Дариј ја формирал својата линија така што тешката коњица ја поставил заедно до брегот од неговата десна страна, потоа јонскате платеници, 12000 на број. До јонскате борбени линии - сонародници на атињаните од Мала Азија, Дариј ја поставил персиската пешадија, кардаките, долж реката и во подножјето, каде што го совивале другиот брег и претставувале закана за десното крило на Александар Македонски (оваа формација била слична на буквата Γ). Аријан дава претерана бројка од 20000 за овие трупи. Дариј се сместил во средината заедно со најдобрата пешадија, јонскате платеници и кралската коњичка гарда. Според некои историчари, тој сакал да ја имитира македонската воена формација видена во битката кај Граник.

Персиската коњица јуришнала на Парменион, а сојузничката коњица преку реката за отворање на битката. Левото крило на Александар Македонски набргу станало од суштинско значење, како кај Гавгамела две години подоцна, каде Парменион успеал да го додржи крилото против супериорниот број персијци доволно долго за Александар Македонски да може да изврши пресметан коњички напад против Дариј и да ја разбие персиската војска. Штитоносците под водство на Александар Македонски пешки во ова време напаѓале во коритото на реката врз кардаките и успеале да пробијат дупка низ персиските редови.

Потоа Александар Македонски се качил на коњ на чело на неговите коњички придружници - „чета херои“ и дирекно почнал да јуриша накај Дариј, кој избегал од бојното поле. Заради ова персијците почнале да се повлекуваат. Македонската коњица ги гонела персијците во повлекување сe додека не се стемнило. Тука се случило големо крвопролевање заради масовното, неогранизирано повлекување на персијците, околу 80000 и гонењето од страна на македонците. Македонците загубиле близу 500 војници. Поразот на персијците во битката кај Граник го означил почетокот на крајот на периската моќ. Ова била прва битка која персијците ја изгубиле во присуство на Дариј.




Битката кај Ис - Решавачки момент

Дариј пребегнал преку Еуфрат, оставајќи ја неговата мајка, жена и деца во милост и немилост на македонците. Александар Македонски уште еднаш го победува Дариј

во Битката кај Гавгамела, во 331 година п.н.е. Дариј бил принуден да побегне од битката откако неговата армија се распаднала, a бегајќи ги напуштил сопругата, две ќерки: Статеира и Дрипети, мајка му Сисигамба и непроценлива количина на богатство.

После битката на Ис, кога отишле да ја посетат заробената фамилијата на Дариј, кралицата Сисигамбa по грешка клекнала да се моли на Хефестион за нејзините животи, бидејќи бил повисок, а и двајцата биле млади и носеле скоро иста облека. Кога ја увидела грешката таа го замолила Aлександар Македонски да и прости, а Александар Македонски рекол:

„Не сте погрешиле мајко, и тој е Александар.“

Продолжувајќи по брегот на Средоземното море, Александар Македонски гo освоил Тир (денешен Либан). Во почетокот, Тир сакал да се предаде на Александар Македонски. Александар Македонски сакал да се помоли во храмот на Херакле во Тир. Таа желба на Александар била одбиена од гувернерот на Тир.