Болен ми лежит


Болен ми лежит Миле Попјорданов.
На гла му седит стара му мајка,
жално го жалит, милно го плачит:
- Ја стани ми, стани, моје мило чедо.
Твојте другари по сокаци шетет,
по сокаци шетет жални песми пејет.
Жални песми пејет, тебе те споменвет:
- Миле Попјорданов за народ загина,
за народ загина, за Македонија.
Неговите сестри - црно облечени,
свадба ке прајет, брата ке женет,
брата ке женет за та црна земја.


Болен ми лежи Миле Попјорданов
Болен ми лежи Миле Попјорданов - Браќата Тавитјан и Раде Шербеџија
Болен ми лежи Миле Попјорданов - MARTINI DUESBERG CATHEDRAL

No comments:

Post a Comment