Обичаи
Велигденски
Овје песми - велигденски. Тога, цела недела го држеје, то време. И, ке се собереје тука, во некоје дворишче, негдека комшите и ке фате жени д игрет. Момички, жени. А јас, момиче мало, пикни се тамо, одвај, да и пу'ла овје, песмите. И пејет ... на танец с играше. Није ке је пулефме нејзе ке шо играше на танецот, пејеше ... таја, жената, Благуна Герајчија:
Кира*јџишче, јаба*нџишче, ама*н
Кира*јџишче, јаба*нџишче, ама*н,
одиш-идиш, џана*м, во Софија,
оф, ама*н, ама*н,
одиш-идиш во Софија, џана*м
ал го виде, џана*м, мојето момче.
- Го видоф, го познајиф, џана*м,
на стол седит книга пишит,
оф, амаа*н, ама*н,
на стол седит, книга пишит, џана*м,
книга пишит, џана*м, да т остајит.
Кира*јџишче, јаба*нџишче, џана*м,
запри си го, ама*н, калаузот,
оф, ама*н, ама*н,
да м однесиш во Софија, ама*н,
во Софија, џана*м, при момчето.
Имам сено за којните, ама*н
и слатка вечера за тебе,
оф, ама*н, ама*н,
да м однесиш во Софија, џана*м,
да м однесиш при момчето.
Ак ти платит киријата, џана*м,
добро ке бидит за него,
оф, ама*н, ама*н,
ак не ти платит киријата, џана*м,
ке ти дадам, џана*м, бело лице.
Ке ти дадам бело лице, ама*н,
ти да 'љубиш - тој да гледат,
оф, ама*н, ама*н,
Ке ти дадам бело лице, ама*н,
ти да 'љубиш - тој да гледат.
* Со знакот а* се означува шва - темното а = а'
Кирил Манчевски - Кирајџиче, јабанџиче
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment