Последниве години загадувањето во Македонија ги преминува сите дозволени граници и тоа во повеќекратно поголеми количини. Во прв план, најмногу ги чувствуваме последиците од аеро-загадувањето. Состојбата со квалитетот на воздухот кој го дишеме е навистина аларамантна, но сепак, не треба да ги заборавиме и останатите домени на загадувањето, а тоа се почвата, природната околина во целост, урбаните средини итн. Уште повеќе, помеѓу овие домени на загадување постои и некоја врска, па така, не може да решиме еден од проблемите, а притоа да ги занемариме останатите. Како и да е, загадувањето е проблем број еден, што мора да се реши во најблиска иднина, а според реалната состојба, решение за овие проблеми нема, ниту пак е на повидок дека ќе има во блиска иднина. Во нормално општество, тоа треба да е аларм за дејствување на толпата - народот. Но, во Македонија, поимот нормално општество одамна ја има изгубено смислата.
Колатерална штета
Почетокот на катаклизмата на биосферата на Балканот, започна пред 20 години. Свеченото отворање на оваа катаклизма беше првата падната бомба од НАТО агресијата над тогашната Сојузна Република Југославија, денес Србија. Агресијата започна на 24-ти март и траеше до 10-ти јуни 1999 година. Три до четири кобни месеци за ништење на една прекрасна почва, природа, биосфера. Во агресијата со траење од 78 дена без прекин, покрај материјалните штети, цивилните жртви од околу 1200-2500 загинати, економска штета со процена од 30 милијарди долари, колатералната штета е многу поважна и загрижувачка. Неброени тони бомби и проектили со сомнителна содржина (осиромашен ураниум) се впиени во почвата на централниот Балкан. Контаминирана почва и изменета клима. Од почвата расне жито, од житото правиме леб, од лебот раснеме канцерогена нација. Статистиката за бројот на заболени и починати лица од овие болести ја опишува нашата црна иднина. Борбата „беше“ за слободно Косово. Денес слободно расне канцерот. Контаминација со времетраење од 78 дена, а природен процес на регенерација на био-системот со времетраење од неколку векови, во најмала рака. Нека ви е „вечна“ алијансата (да, НАТО-то) и „борбата“ за човекови права (да, ОВК-то, УЧК-то ... што и да е). Уживајте во слободата додека во телата на вашите деца расне мирно и тивко палета од разни форми на канцер. Збогум на дваесетиот век.
Секој може да ги толкува фактите како што сака и политички да ги умрсува колку што сака. Но, нели пред фактите и Боговите молчат!? Со сиот здрав разум, да бев Албанец, ќе се срамев од веењето на знамињата на ослободителите (САД и НАТО алијансата), а уште повеќе ќе се срамев и од знамето на “борците за слобода“ (УЧК, ОНА, ова и тоа).
Локална колатерална штета
После глобалната колатерална штета, следуваше локалната, овде во Македонија. Се случи 2001-ва. Истите „борци за слобода“ од 99-та, ја доведоја Македонија во една нова фаза - рамковна. Македонската војска победи на терен, а политичката „елита“ капитулираше на маса, во светиот град Охрид. Од тогаш, започнува процесот на умртвување на Македонското општество по сите негови пори. Рамноправна застапенпост, неписмени лица на одговорни раководни места и функции, диви градби и диви депонии. Од година во година, процесот си катализираше, па така денес имаме и зголемен увоз на медицински и кој ли знае каков друг отпад, кој се гори по нашите депонии опремени со совршена технологија од времето на германскиот Рајстаг. Увезуваме од ЕУ, нашата економија цвета. И канцерот цвета. И белодробните болести се во невиден подем. И не е само воздухот, се контаминира и почвата од затрупаниот отпад во неа.
Нема веќе вкусна зелка од Бардовци, вкусен домат како тетовскиот Јабучар, вкусно јаболко како ресенското и преспанското, благ кромид како прилепскиот Бучински .. нема ништо како што имаше порано, пред кобната 1999-та. Последиците се катастрофални, реалноста е сурова, иднината е темна. Жално, ама вистинито.
Со проста инженерска анализа лесно се докажува дека загадувањето во Македонија започна со ескалирањето на борбата за Албанската кауза. Може да лепите политички толкувања и да кажете дека ова е сосема луда поента, но пред било што да изречете, пробајте да најдете факти во прилог на вашите политички толкувања .. Да. Нема такви факти. Има ли? Одлично, баш би сакале сите да ги видиме тие факти. Слободно изнесете ги!
Овој пат, не би се срамел да бев Албанец. Напротив, се срамам што сум Македонец. Се срамам што сум Македонец кој молчи на секоја глупост што му ја приредува неговата политичка „елита“. Срам ми е од мирни протести за загаден воздух, додека неоформените белодробни крила на новородените деца впиваат непожелни микро честички. Срам ми е од молкот по сите прашања што засегаат, додека гледаш како просечен Француз ја пали пола Франција за 5-10 % зголемена цена на нафтени деривати.
Реална иднина
И покрај сите мрачни факти, постои реална и светла иднина. Но, за реална иднина, потребни се реални луѓе. Народот треба да стави крај на политичките маскоти. За секој проблем постои соодветно решение. За реални мерки против загадувањето, повеќе во некоја следна колумна. Сега е важно, овој напатен народ да се свесне. Ниту левиот, ниту десниот политички блок од било кој етникум кој живее во Македонија, до сега, па и во иднина, нема да обезбеди нормални животни услови за народот. Зошто тогаш народот им дава легитимитет на истите овие политички маскоти? Доста беше. Разбудете се!
Да живее Македонија!
Автор на колумната: Армакедон, слободоумен Македонец.
Датум на објава: 18 декември, 2019 година.
* Блогот „За македонските прашања“ се оградува од секакви ставови или тврдења изнесени во колумните. Овој блог само остава простор за објава на колумни, со цел да излезе во пресрет на авторите, кои имаат нешто да кажат на дадена тема, да дадат свое видување по однос на некои прашања и да поттикнат размислување или дебата помеѓу читателите на блогот. Колумните се објавуваат во целост, онака како што се доставени до администраторот на блогот. Авторите на колумните го задржуваат правото на текстот, како и правото да се потпишат со своето цело име, акроним, или пак да останат анонимни.
No comments:
Post a Comment