Парабола за Македонците од северот
Почитуван македонски народе,
Продолжуваме со серијата за пропаста (победата) над македонството. Уметност. Убавина. Светлост и мрак. Уметноста е вистински синоним за слобода. Само во здраво општество (независно дали е слободно или поробено) се раѓа богата и раскошна, а пред се’слободна уметност. Поробеното општество, по природен пат треба да твори поагресивна уметност, како резултат на револт. Дури и да постои цензура, уметноста секогаш има простор за кодирани и прикриени пораки. Се разбира, само доколку нејзините автори се интелигентни (а со тоа и слободни *** запомни го тврдењево, многу е битно, а ќе се резимира на крајот) уметници.
Музиката, како дел од уметноста, е особено важна и силна, зошто преку звукот создава емоции и слика, а не-инструменталната музика дури и внесува драма, театар, историја, (ин)дискретна порака.
Рокенролот е еден од највлијателните стожери на ова поле.
Но, иако денес (се однесува на периодов од неколку години наназад, нешто пред почетоците на фамозната шарена револуција) во Македонија имаме состојба на поробено општество, уметноста е мртва, а уметниците (со чест на одредени исклучоци) се продадени полтрони - со што самите си ја бришат титулата уметник!
Во продолжение ќе зборуваме само за музичарите (некои од нив, поинтересните). Па, да не должиме многу ...
Имаше една рокенрол идеологија во Македонија. Се викаше Архангел. Ристо Вртев беше авторот (низ пишаните зборови) на таа идеологија. Како што и самиот во една од неговите песни се нарече: „рокенрол фирер“ - за жал, овој фирер, заврши дури и потрогателно од оригиналниот. Е, токму овој автор на една безвременска рокенрол идеологија, се самоуби! Да. Првиот обид за самоубиство на Вртев е неговиот настап на НАТО фестот. На тој фестивал иронично го воспева својот стих: купен мир и тишина .. пострашни од војна б(м)ејби. Параболата е толку крива, што истиов фирер, после исплакувањето за прошка на бубамара (Златно-жолта бубамара), сфаќа дека 2 метри под земја не се доволни за да го покријат срамот, па наместо да воскресне од подадената рака на Џамбаз, истиот се повампирува и се презакопува на 6 метри под земја на митингот од Стево пендракоски за втор мандат. Денес, Вртев, и после краткото боледување, тотално се посра и ја закопа целата Архангелова идеологија.
Фирерот Вртев, а и сите оние што сметаат дека иднината на Македонија е „северна“, после себеспознаената блудност, имаат тврдење дека јазикот бил единствениот столб што ќе ни овозможи опстојување, па се повикуваат на Конески, Везилки, Препелки ...
Да разјасниме некои работи. Јазикот е столб. Тоа е факт. Но, јазикот не е единствениот столб. Дури и да е, за да го зачувате јазикот, не смеете да продадете име (а уште повеќе, не смеете да продадете исконско име!). Зошто? .. Секој просечен поединец би знаел зошто, но, еве да објасниме на оние од северот зошто е тоа така. И како би објасниле, ако не со еден сосема реален компаративен пример. Држава, татковина (независно дали е суверена или под ропство), тоа е едно семејство, со презиме за идентификација, со тапија за имот, со јазик за домашна употреба (мајчин јазик), со верски/религиски/пагански обреди ... Е сега, замислете, дека ова семејство живееше на својот имот (каков, таков), а имотот беше ограден со ѕид. На имотот имаше и кучиња, кои бесно лаеја на секој што ќе го прерипа тој ѕид и безмилосно би го парчосале, доколку одлучи да влезе во куќата на својот стопан. На својот имот, ова семејство си правеше обреди и веселби, по своја воља. Е сега, ѕидот веќе го нема (разрушен е после продажбата на името). Кучињата чувари се тука, ама бидејќи веќе дозволија ѕидот да се руши, нивната улога е мртва. На ваков имот, влегува кој ќе стигне! И соседот, и странецот. И сите прават пустош. Ја силуваат твојата мајка, твојата жена и твоите деца. Ама ти си горд, зошто сите твои додека ги силуваат, лелекаат на својот мајчин јазик. Тоа бил нашиот столб.
Да резимираме, за да го зачуваш јазикот, не го руши ѕидот кој што ти го чува јазикот!
Имаше и еден СГГ - Сашко Гигов Гиш - пиш, обична џамлија. Се криеше ко путе на спотот за излези за северна, маскиран во бело версаче одело, на бела позадина. А за самовилската свадба гордо носеше јамболија ткаена од македонски раце.
Имаше и еден ОриЏгански - слично како што првиот хемиски елемент водород има неколку изотопи, овој е прв природен изотоп на северЏганскиот елемент, се раѓа дури и пред да се роди матичниот северЏганиум - хемиски елемент со реден број ништо во периодниот систем на хемиски елементи. Вистински природен феномен. За вакви изроди, не вреди да се дискутира.
Рокенролот? Жив е! Само што нашите рокери се исти ко нашите политичари - не се она за што се декларираат. Сосема исто е и со интелектуалците. Тие се мртви! (тоа се оние кучиња чувари, што дозволија да се сруши ѕидот и продолжуваат да молчат).
Сполај му на Бога, има еден македонски блузер, Џамбаз! Џамбаз беше, е, и остана доследен на македонството! Пеј! - Пејте! Предавање нема.
Има и еден темен рокенрол бенд, кој го носи името на ѕвездата на надежта: Мизар. Нашата надеж е темна, но сепак е жива! Велигден Еј, еј, еј, не го давам Велигден! Не ја давам Македонија!
За крај, македонски народе, разбуди се!
Да сте живи и здрави!
Да живее Македонија!
-----
Автор на колумната: Армакедон, слободоумен Македонец.
Датум на објава: 26 април, 2024 година.
* Блогот „За македонските прашања“ се оградува од секакви ставови или тврдења изнесени во колумните. Овој блог само остава простор за објава на колумни, со цел да излезе во пресрет на авторите, кои имаат нешто да кажат на дадена тема, да дадат свое видување по однос на некои прашања и да поттикнат размислување или дебата помеѓу читателите на блогот. Колумните се објавуваат во целост, онака како што се доставени до администраторот на блогот. Авторите на колумните го задржуваат правото на текстот, како и правото да се потпишат со своето цело име, акроним, или пак да останат анонимни.
No comments:
Post a Comment