Овдека дечиња, овдека внучиња мои.
Ридјето кај што се гравали, дабјето кај што се рои,
Могилка малечка овдека нека ми стои.
Могилка молковна: два-три миловидни бреста –
Налик на клепала, за да ја разнесат веста
Дека на некојси овдека гласот му престанал…
Грска темјанушки, ко што е редно, да ‘ртат,
Колку на минувачите погледот да им го свртат
И да им приспомнат троа-од-троа за смртта.
Кожле да вишнее. Вардар со рикот да рика,
Полногласно од врутока до утока да вика.
Одоколу да тече време македонско, да блика…
Могила што ќе ја молитват ветројне планински,
Камен, со неколку галежни зарешки кирилски,
И – едно нашинско презиме, со златно крајче на СКИ!
Завет - Гане Тодоровски
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
Овдека дечиња, овдека внучиња мои. Ридјето кај што се гравали, дабјето кај што се рои, Могилка малечка овдека нека ми стои. Могилка молк...
No comments:
Post a Comment